ПРВ ВПЕЧАТОК–Новиот Медиумски Модул е добар?! НЕ! [АНАЛИЗА]

Day 1,241, 07:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Alek Macedonian
И во насловот напишав дека ова е само прв впечаток, можеби вие во коментарите, или со тек на времето ќе успеете да го смените моето мислење..

Имено, пред околу 1 час на сите ни стигна порака од Плато во која бевме известени за новиот Медиумски модул!
Морам да кажам дека досегашниот Модул и покрај сите негови недостатоци, сепак ми се допаѓаше, а ова што сега го гледам е чиста глупост..

Сега ќе ви наведам некои причини зошто го мислам тоа:

- На првата страна, односно Home Page веќе ги нема весниците што се во ТOP 5. Така, ние порано можевме слободно да видиме кои се нашите најгласани веснци и секој од нас би го отворил оној наслов што би го испровоцирал најмногу, а и чим статијата стигнала во ТОР 5, значи дека најверојатно е добра. И сега можеш да отвориш ТОР 5, но сето тоа е некако комплицирано..

- На Home page можевме да кликнеме на latest и ги гледавме најновите статии, без некои поголеми копликации, а сега мора специјално да отварамe community, па потоа newspapers...

- Исто така, можевме на International да ги видиме петте најдобри статии во еСветот на Home page и најдобрите 20 ако специјално отвориме International. Сега таму имаме над 70 статии, премногу ! И плус не верувам дека многу би се одлучиле специјално да отвараат весници од другите земји, вака барем до сега секој би го отворил она што го разбира..

- А што прајме ако во една еДржава има 2 статии со над 1000 гласови, едната од нив нема да може да влезе во Int, а на нејзино место ќе бидат статии од по 50ина гласови од помалите еЗемји.

- За ова со категориите, мислам дека не го бива, иако намерата е во ред. Знаеме колку спамери имаме и сите во потрага по повеќе гласови ќе пишуваат дека нивниот весник е анализа или слично (за 1 час од измените веќе слушам поплаки дека некој безвеза ја става статијата во Battle Orders). Ова не ми се допаѓа, затоа што мислам дека и досега според насловот сами ќе можеше да заклучиме за што се работи, а исто така, на стариот Модул беше и поинтересно (некој наслов просто ќе не натераше да отвориме и да видиме за што се работи, а сега тоа однапред ќе го знаеме).

- Категориите не им се добро направени, има премногу, но некако не ми се дефинирани, уште црна хроника да ставеа..

- Не ми се допаѓа и ова со претплатите. Имено, секоја чест на исклучоците, но ние сме такви што на овој лесен начин за unsubscribe, многу од весниците ќе останат без своите претходно добиени претплати. Знаеме дека порано беше многу комплицирано да стиснеш unsubscribe ако новинарот не издал весник, а сега тоа ќе биде секојдневие.

- Не ми се допаѓа и таа пренабиеност и пренатрупаност со информации за статијата. Зафаќа премногу простор, многу место, не е убава за око, а мислам дека порано беше и попрегледно и попрактично.

- Во која категорија да ја ставам оваа статија, дури и тоа е тешко да се определи ???!!!

ПС: Не знам каква е целта на админите, но на овој начин, се придонесува да се читаат помалку весници, да се добиваат помалку гласови, а и да се губат претплати. Сепак, секогаш победува квалитетот, а админите треба да поработат уште на овој модул, затоа што вака не е во ред!

ППС: Можеби ќе се сложите, или нема да се сложите со мојата анализа, но ве молам ставете ги вашите видувања во коментар и ставете по еден ШАУТ, за цела еМакедонија, а и админите да го слушнат нашето мислење за ова!

ЕДИНСТВО, за да ја постигнеме нашата цел-
ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!



Искрено ваш,
Alek Macedonian