Војна со Грција или Бугарија ? Неколку статистики и детали.

Day 1,241, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Cataclysm.MKD

Најпрвин би сакал да им посакам добар и пријатен ден на сите. Пред некој ден имавме можност да бираме, Номадска империја ( со главен град во Италија ) или пак регионални борби со Бугарија и Грција, а бидејќи мнозинството од нас гласаа да имаме регионални борби и затоа власта така и одлучи. Е сега, одкако ги освоивме Софија и Видин, прашањето што ни се поставува е дали да продолжиме кон повторно бришење на Бугарија од Европа, или пак да се свртиме кон Грција, и со освојувањето на регионите Македонија, Епир и Јонските острови да се споиме со нашите провинции во Италија.



Дали да идеме кон региони кои ни се економски потребни ( особено Русе кој е богат со жито ) или пак да идеме кон Обединета Македонија и остварување на идеалот на секој Македонец и воедно и спојување со регионите на запад. Најпрвин би сакал да истакнам неколку детали кои внимателно треба да се разгледаат од сите пред да се залетаме со нападот.
Од целава оваа исцрпувачка војна која се води меѓу ОНЕ и ЕДЕН/Терра ( бидејќи нели сите знаеме дека ЕДЕН и ТЕРРА се удружија заедно против нашиот сојуз ) од проширувањето на Србија за сметка на Хрватска па се до бришењето на Бугарија од страна на Македонија, Србија и Унгарија би сакал да ги истакнам штетите кои ги нанесоа армиите на Топ15 држави кои напраија највише штета, бројот на борци како и златото кое тие го потрошиле за време на борбата.

1. Србија: 3 884 (18 467) борци, 55 145 640 штета, 3 495 злато.
2. Полска: 3 922 (24 160) борци, 40 636 500 штета, 3 287 злато.
3. Унгарија: 2120 (10 325) борци, 33 790 060 штета, 1 897 злато.
4. Бугарија: 2 970 (15 931) борци, 32 980 730 штета, 3 768 злато.
5. Хрватска: 1317 (7 544) борци, 29 063 250 штета, 2 389 злато.
6. Романија: 1863 (9 757) борци, 28 955 170 штета, 1 530 злато.
7. Шпанија: 1 515 (8 53😎 борци, 22 854 310 штета, 2 166 злато.
8. Грција: 1942 (9 183) борци, 21 369 800 штета, 1 178 злато.
9. Турција: 1 898 (12 693) борци, 21 195 950 штета, 2 064 злато.
10. Индонезија: 985 (10 941) борци, 16 862 390 штета, 1 212 злато.
11. Македонија: 2 834 (13 123) борци, 16 398 310 штета, 1 987 злато.
12. Бразил: 1406 (15 405) борци, 16 135 000 штета, 1 342 злато.
13. САД: 1 788 (19 757) борци, 15 711 500 штета, 1 480 злато.
14. Кина: 810 (5 286) борци, 15 239 050 штета, 1 112 злато.
15. Франција: 725 (3 746) борци, 12 237 730 штета, 924 злато.

Како што може да се види, Бугарија е на високото 4 место, за разлика од Грција која се наоѓа на 8 место. Исто така, ќе истакнам и детали околу штетата нанесена од Сојузите, бројот на борци и златото.

ЕДЕН :
Штета: 157 507 890, Борци: 11 019 (17.85😵, Злато: 12 557

Терра :
Штета: 84 345 390, Борци: 6 726 (11.43😵, Злато: 7307

ОНЕ :
Штета: 224 834 830, Борци: 18 317 (17.64😵, Злато: 17 920


No retreat, No surrender!.. Macedonians what is our profession ?!