Вицови

Day 1,241, 06:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Kres for Deb.l

Дошол пријателот на посета на брачен пар, се задржал долго и останал да преспие. Бидејќи имале само еден кревет легнале – гостинот, домаќинката па мажот.После некое време гостинот сетил дека домаќинката го фатила за онаа работа. Се воздржувал и успеал да го дочека утрото. На тргнување му рекол на пријателот: Морам да ти кажам дека твојата жена цела ноќ ме држеше доле. Пријателот одговара: Не беше таа. Јас бев, за секој случај.!!!!!!!


Млад Македонец се жени. Прва брачна ноќ, сопружниците се во спалната, а пред вратата стои таткото да слушне како неговиот син ќе се снајде. По некое време се слуша:
- Татко-о-о-о!
- Кажи сине?
- Не влегува!
- Како не влегува бе сине?
- Не влегува тате, што да правам?
- Сине натопи го во бокалот вино и пак пробај
По некое време загрижениот татко вели:
- Сине што направи? Ќе го засрамиш македонскиот рот...
- Тате... и во бокалот не влегува.!!!!!

На посета кај Господ отишле Словенец, Хрват и Македонец. Словенецот прашал: „Боже, кога ќе заврши оваа сиромаштија во Словенија?“, а Господ одговорил: „За 500 години“. Словенецот не можел да запре од плачење поради тоа што нема да го дочека тоа време. Хрватот го поставил истото прашање, а Господ му одговорил за 1.000 години, по што Хрватот се изнаплакал зашто нема да го дочека тоа време. Уште кога влегол Македонецот кај Господ, севишниот почнал да шмрка. „За истото прашање ли си, Македонче?“, го прашал Господ нашиов човек. А кога Македонецот збунето потврдил, Господ почнал да плаче зашто нема да го дочека тоа време.!!!!!!

Пијан човек оди во кафеана, келнерот го пречекува и му вели:
Знаете ли дека алкохолот убива 2000 Срби на ден?
Пијаницата:
- ми е гајле, јас сум Македонец.!!!!!!


Ограбуваат двајца црногорци банка и одат дома и едниот му вика на другиот:- ке ги броиме или ќе чекаме на вести да кажат колку има!!!!!

Како се вика на Турски :
Граната - Барут Ќофте
Вилица - Чатал
Бизнисмен - Чалам ефенди
Боксерки ( долна облека ) - Ташак Торба
Компјутер - Акал Сандак
Дебел Човек - Бок Толумба
Филмот ЗОРО - Кара Будала Ефенди
Телевизор - Сеир Сандак
Опозиција - Курназ Сурија
Падобранец - Чаршаф Будала
Студент - Китап Будала
Гинеколог - Ташак Муфтија
Титово Пионерче - Пешкир Шишлеме!!!!!

Си било едно дете кое се викало курти.
Било мн немирно и наставничката го избркала...курти отишол от другара страна и почнал на прозорот да гледа и да се смее..
Децата почнале да викаат:- курти енего курти гледа курти гледа
Наставнилката прашала: - каде е?
За тоа време курти влегол во училничата и децата викнале:
- ее наставничке курти влезе курти влезе!!!!!


прават муабет двајца пушачи:
Пред кој кафич излегуваш?!!!!


Од компанијата Кока-Кола му се јавуваат на Груевски:
- Господине Груевски дали може вашето знаме да биде целото црвено а долу на десниот ќош да пишува Always Coca-Cola? Ќе добиете огромна сума пари.
- Извинете, не можам да ви одговорам ако не се консултирам со претседателот. Грујо се јавува на Иванов:
- Ало, јас сум, да не паметиш случајно кога ќе ни истече договорот со Aquafresh?!!!!


Отишол некој Македонец во Англија но знаел само малку Англиски. Изнајмил таму стан но имало многу глувци. Се мислел како да се пожали кај газдата и на крајот му се јавил:
- Hello! - му рекол македонецот
- HELLO! - одговорил газдата
- Том анд Џери! До ју ноу?
- YES! - му одговорил газдата
- Епа Џери!!!!


Во јавен нужник, додека во едната кабина некој човек се мачи да изврши „голема нужда“, во другата влегол друг човек, седнал, испуштил едно „ах“ и се слушнало „плоп“. Оној од првата кабина му дофрлил:
- Ех, блазе си ти колку брзо заврши!
- А бе, што блазе си ми, ми падна мобилниот!!!!!!!

Подоцна ке бидат објавени уште вицови,на вас ви преостанува да ги прочитате и да мавнете по некој VOTE+SUB
Ako има некакви критики слободно пишете во comment!!