Која е добивката !?

Day 1,240, 12:48 Published in North Macedonia North Macedonia by toasumjas

Здраво еМакедонијо !

Пред да почнам сакам да напоменам дека ова е мојот прв артикл .Се надевам дека ќе биде успешен.

Во овој артикл сакам да ја разгледам работата на фирмите ( не зборувам за оние каде што работат само газдите) . Денеска купив фирма за жито (прва моја фирма) и откога ги разгледав работите се запрашав каде им е ќарот на газдите !
Ајде малку математика – доколку еден работник (да речеме Economy skill – Master) со нормален бустер (кој најчесто и го употребуваат работниците) произведува 75 продукти , а цената на пазарот изнесува 0.38 мкд ( моментално) , заклучуваме дека заработката од истиот работник е 75 * 0.38 = 28,5 . Доколку ги погледнеме понудите за работа во Job Market забележуваме дека се многу повисоки од оваа бројка (највисоката моментално за фирма за жито е 34,43 ) , а и постојано драстично растат . Заклучуваме дека “добивката” изнесува -5,93 ( пресметано со највисоката плата ) . Прекрасно нели !?
Неможам да ја разгледам состојбата кај другите производи , но не верувам дкеа има некои големи разлики . После овие пресметки најверојатно ќе ја продадам фирмата веднаш или пак ќе работам сам во неа (како што впрочем прават и повеќето).
Исто така ќе напоменам дека не сум некој одличен математичар , но ова може да го пресмета и четвртоодделенец ( а има и дигитрони нели ) . Сепак , доколку негде грешам во пресметувањето ете ... корегирајте ме .. можеби испуштам некој фактор ( мада тоа е тоа ) . Дотогаш ќе си останам со прстот на чело размислувајќи каде е ќарот на газдите и дали грешам во пресметките и ако сепак грешам - каде ?
Па тоа би било тоа . Мислам дека за почеток е доволно (можеби и многу) . Секако дека прифаќам секаков вид на критики . На крајот ќе ве замолам за по еден vote и sub . Благодарам однапред !

Останете ми поздравени !