Каде да продолжиме: Бугарија, Грција или Швајцарија?

Day 1,240, 09:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Франција е речиси избришана! Битката за Корзика (откако ќе ја освоиме) е последна за нашиот поход кон средна Европа. Ке ја изгубиме границата со Франција (со непостоечка држава неможеш да имаш граница), а со тоа и НЕ. Се отвараат три опции:
1. Швајцарија - земја од која немаме никаква корист, доколку ја нападнеме, далеку е од главниот регион и нема жито што ни е потребно.
2. Бугарија - има регион кој и како ни е потребен (жито). Доколку не ја прогласиме за НЕ и повторно ја нападнеме во Русе, за ден два таа ќе не прогласи за НЕ и ќе не нападне прва.
3. Грција - во војна е со Турција и не може да не прогласи за НЕ. Јака е се уште, но прашање е дали може да војува успешно и со нас и со Турците.

Мој став е дека треба да одиме на Бугарија, да го земеме Русе, да добиеме регион со жито. Војната може да крае кратко - само една битка, ако се договориме со сојузниците да ни дадат помош и повторно Бугарија ќе исчезне од Балканот. Со Бугарија имаме искуство во војување.
Знам дека поголемиот број играчи сакаат да се влезе во војна со Грција, но пред тоа треба поискусните играчи да направат добра анализа, колку време ќе трае војната, дали имаме залихи и голд за да водиме долготрајна војна. Колку сме споредбено појаки, а колку послаби во сите аспекти.

И најпоследната опција е: да седиме мирни некое време и да задушуваме востанија. Но знаејќи ги нашите ратоборни Македонци, мислам дека мирнодобски период не доаѓа предвив.

Коментирајте со ваши размислувања каде да нападнеме, можеби ќе помогнеме сите заедно, за одлуката, што ќе ја донесе раководството, да биде подобра за еМакедонија