Мое мислење во врска со последниве случувања

Day 1,239, 15:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Hackyman

Хаос !!!

Безредие!!!

Многу е лоша моменталната политичка ситуација во еМакедонија.На власт е МНФ и ние граѓаните тоа треба да го почитуваме бидејќи таа власт е избрана токму од нас.НО сепак има доста луѓе кои се противат на нејзините одлуки...и ЈАС сум против давање на териториите на Италија но тоа е што да правиме... тоа е одлука на нашата власт.Јуни според мене како искусен играч не требаше да ги повикува играчите да маваат за нас и да работат спротивно од официјалните наредби...тој може да си мава но да ги повикува другите играчи на тоа НЕ би требало.


Сега да кажам тоа што јас мислам во врска со Италија и Франција.

Ние ја нападнавме и освоивме скоро цела Италија...Словенија доби неколку териториите кои на нас не ни значеа.Тоа е добра одлука, зацврстување на пријателство(иако можевме да земеме некоја пара за сето тоа).

Преку востание Италија го врати Молисе.
Потоа Словенија од нас го доби регионот Лигуриа за да добијат граница со Франција,за да ја нападнат и да добијат уште некој ресурс.Се тоа е добро,но каде е нападот...Словенија не ја нападна Франција,а наместо тоа ние ја нападнавме...според мене немаше потреба од тоа.И сега се враќаме на Лигуриа..зошто е дадена на Словенија...сега ние го заземавме регионот на Франција и Словенија и Франција немаат граница па според мене би требало да си го вратиме регионот...без Лигуриа нели нашите региони во Италија не ни се споени.А и Полска ни го затвори патот на север така да ние можеме да заземеме најмногу 3 француски региона.

Но добро...ја имаме Италија,дел од Бугарија,а сега и дел Франција...многу сме амбициозни..тоа е убаво но може како бумеранг да ни се врати...неколку истовремени востаниa ќе почнеме да губиме и одма ќе почнеме со плукања...не ни ја бива државата и такви глупости.

Друга работа...мировниот договот со Италија е апсолутно непотребен.Не можеме да имаме договор со таква држава која до сеа покажале дека лесно прекршува договори...Ние би требале да имаме некоја гаранција дека нема да го прекршат договорот,а вака само на зборови ништо не правиме.Италија е 0 во однос на нас и со нивните востанија лесно ке се справиме.Значи како и многу други не сум за спогодба со Италија.

Тоа е се за сега...се читаме за некој ден 🙂


Vote & Subscribe 🙂