повеќепартискиот систем е благодет

Day 1,237, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Nikola Gorgiev

Одамна немам напишано артикл, впрочем ни играва не ми е толку интересна како порано, најверојатно поради тоа што во играва сеуште владее еден ист модул во кој нема ништо ново, нити предизвик нити нешто што ќе ме натера да останам повеќе од 2 клика на неа, сепак артиклов го посветувам на изјавата на United Macedonia, за едно интервју кое го даде денеска. Тој вели дека покрај тоа што сака да ја види обединета Македонија, би сакал да има и еднопартиски систем. Го ценам неговото мислење, но сметам дека е подобро да го задржи за себе, затоа што еднопартискиот систем не само што не е добар, туку не ни нуди никаква полза.

Ќе го посочам примерот на Бугарија, држава која и во реалниот живот често ги менува страните, што би рекле старите од каде дува ветрето. Пред да се зачлени Македонија во тогашниот Феникс, на чело на Бугарија стоеше партија која не дозволуваше МКД да влезе во Феникс, додека во опозицијата постоеше партија која на сите Феникс членки им вети влез на Македонија во Феникс, штом дојде на власт, впрочем тоа го сакале и мнозинството бугари. 2 месеци се одвиваа преговори, владата не се промени нитуеднаш, а сепак ние лежевме на тоа уво дека опозицијата во бугарија не сака, дека малку и фали да дојде на власт, и да станеме членки на Феникс. Во истиот тој период, додека цел феникс и Македонија, се молеа опозицијата да дојде на власт, Бугарија стана членка на ЕДЕН, блеф кој и власта и опозицијата го имаа спремено, а кој нитуеден кај нас не го сети, впрочем Бугарите имаат повеќепартиски систем кој работи за 1 држава, а не повеќе партии кои работат за свои цели како кај нас.

Вразумете се, и престанете со безмислени обвинувања, користете ги благодетите со повеќепартискиот систем, блефирајте и не ја откривајте својата позиција никому, Македонија нам ни е поважна од било кој сојуз!!!