[Министерство за Образование] Основен туториал за почетници

Day 1,237, 04:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Поради големиот број на нови играчи решив да го реобјавам туториалот напишан од PhoenixMK. Гласајте ја статијата за да дојде во ТОП 5 и да го достигне максималниот ефект.


Здраво нови еСонародници.
Добре дојдовте во еМакедонија и во еRepublik.

Бидејки сте нови во играва (попознати како еБебиња), сигурно ќе имате многу нејаснотии и прашања околу играва а со обзир на тоа дека почетокот е секогаш најтежок, потребно е да се запознаете колку што е можно повеќе со играва а најдобар начин за тоа е да ЧИТЕТЕ ТУТОРИЈАЛИ. Најважно од се, НА ПОЧЕТОКОТ, ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДА СЕ БОРЕТЕ ВО БИТКИТЕ и ПОСТАПУВАЈТЕ ПО УПАТСТВАТА на Министерството за образование и постарите играчи.
Факт е дека првите неколку дена во играта не се многу забавни ниту динамични. Се што можете да правите на почеток е да кликате неколку пати и да читете весници. Затоа, неопходно е што повеќе да читате туторијали за да се запознаете со целиот концепт на играта и да имате трпение.
Зрелост во играва достигнувате на 16то ниво (годинки 😃) кога ќе ги отклучите сите можни опции односно функции во играва. Бидејки играва почива на три столба: воен, економски и политички, Вие со активното играње ќе се ориентирате кон тоа, дали ќе бидете застапени во политичката сфера (конгресмен, министер, претседател), дали во економската сфера (раководење голем број на фирми) или пак ќе оставите парите на страна и ќе се станете бранител на државата (војник). Да не заборавиме дека можете да станете и мошне почитуван новинар.


< Вовед во eRepublik > Го поделив туторијалов на шест фази односно теми за кои е неопходно да се запознаете на самиот почеток за да го разберете концептот на играта, барем основите на кои почива eRepublik. Започнуваме...

Откако ќе се регистрирате односно родите, првото нешто што ќе го видите е автоматското писмо на актуелниот претседател на еМакедонија кој од името на целото македонско општество ќе ви посака “Добредојде” и ќе ве упати кон туторијалите на Министерството за образование и Едукацискиот Центар.


I фаза: ПОЧЕТНА СТРАНА (HOME PAGE)
Откако ќе се логирате на играва, вие ја гледате почетната страна. Овде започнува Вашето патешествие односно играње. Сигурно сте збунети, не знаете што значат сите овие копчиња, има еден куп информации и не знаете што да правите. Затоа сме ние овде да ви помогнеме.



На сликата секој сегмент на страницата е маркиран под реден број, а подолу во текстот под истиот тој број имате кратко објаснување што означува тој сегмент.

1. Времето односно часот во Новиот Свет, денешен RL (реален живот) датум и изминати денови од формирањето на Новиот Свет. Во еРепублик денот започнува во 09.00h по македонско време
2. Опција за пребарување на играчи и организации на eRepublik.
3. НАВИГАЦИОНО МЕНИ – преку навигацијата вие ќе се движите по сите важни делови на eRepublik. Кога ќе се запознаете со основите на играва би било убаво да одвоите малку време и да “чачкате” малку по менијата 
4. Ваш аватар (слика) и прекар (nickname) во играта – со клик на истиот, влегувате во вашата профил страница за која ке стане збор подоцна.
5. Мисии – со исполнување на условите кои се бараат за нивно завршување вие добивате бонус награди. Редовно следете ги и обидете се да ги извршите лесните почетни мисии во што поскоро време бидејки доста многу ќе ви помогнат на почетокот.
6. Вашето моментално здравје (wellness) кое игра многу важна улога во градењето на вашиот лик.
7. Копче за јадење храна – кога имате храна во инвентарот свети сино (можете да конзумирате храна) а кога немате храна свети зелено (морате да купите за да се излечите).
8. Број на златници кои ги поседувате.
9. Број на МКД денари (или на било која друга валута) кои ги поседувате.
10. Ваша пошта – со клик на писмото можете да ги видете Вашите непрочитани пораки.
11. Сигнали (известувања) - Кога нешто ќе освоите, постигнете или добиете покана за пријателство итн. вие добивате известување односно потврда.
12. Список на претплати – со клик на копчето ви се отвара списокот на весници на кои сте се претплатиле.
13. Копчиња за брзо завршување на основните и задолжителни дневни задачи. Бонусот може да го добиете само претходно сте работеле и тренирале.
14. Список на активни битки во кои можете да учествувате (да се борите). Најпрвата битка (маркираната) важи за приоритетна битка и истата ја поставува претседателот на државата.
15. Линк преку кој пристапувате до списокот на сите битки во кои можете да се борите и да ги видите битките на македонските сојузници кои завршиле неодамна.
16. Линк преку кој пристапувате до списокот од последните 50 случувања во земјата (кои закони се изгласани, информации за сојузници, војни, избори итн).
17. Извик (shout) – Со вашиот извик можете да им пренесите информаци на Вашите пријатели. Колку повеќе пријатели имате, толку повеќе Вашата информација ќе се прошири. Можете да извикате најмногу до 30 пати а пораката е лимитирана на 140 карактери, нешто помалку од СМС порака.
18.Следете ги извиците на сите ваши пријатели.
19. Поле за реклами – овде најчесто се рекламираат понудите на администраторите и некои артикли со плаќање злато (можете да пуштите реклама за ваш артикал ако сакате да биде прочитана во некој регион).
20. Табови за преглед на весниците. Првиот таб (top) се топ пет најчитани односно најгласани новинарски артикли во еМакедонија. Вториот таб (latest) се петте најнови новинарски артикли во еМакедонија (пуштени во печат). Третиот таб (international) се топ пет најчитани односно најгласани новинарски артикли во целиот Нов Свет. Под сите табови односно листи имате копче “more news” кое ќе го користите многу често бидејки има и многу други артикли кои можете да ги читате и гласате за да стигнат до топ5.
21. Копче за одјавување од играта.


II фаза: НАЈДЕТЕ РАБОТА
За да напредувате во играта морате активно да работите и тоа на колку што е можно повисоко здравје. Бидејки вие сте нови во играта, започнувате со максимално 100 здравје. Доколку постојано работите со вакво здравје ќе напредувате многу брзо на економски план.
Со обзир на тоа дека сте на самиот почеток и не сте вработени, ние ќе ви помогнеме да го сторите тоа.

Следете ги инструкциите на сликите…



На сликата бр.2 ги гледате понудите за работа. Играта автоматски ќе ви ги даде понудите за работа според вашата економска вештина. Бидејки вие сте нови и само што започнавте да играте, на листава ви се прикажуваат понудите за работа со вештината Apprentice (најниска) која е означена под полето број еден.. Следното што треба да го направите е да одберете компанија каде би се вработиле. Понудите за работа се подредени според највисоката плата. Имајте ги в предвид ѕвездичките под името на фирмата. Звездичките се показател за квалитетот на фирмата. Колку повеќе звездички толку поголем квалитет има фирмата но и толку поени здравје ќе губите при секое работење. На пример, ако фирмата има 1* (Q1) квалитет, тогаш вие губите по 1 поен здравје при работење, а доколку се вработите во фирма со квалитет 5* (q5) тогаш ќе губите по 5 поени здравје од работа. Затоа, не секогаш првата понуда е најприфатлива. Препорачливо е да се вработите во фирма со понизок квалитет (со една ѕвезда попозната како Q1) со цел да можете подобро да го контролирате вашето здравје на 100 а и да спечалите повеќе денари.
Дозволено е работите најмногу еднаш дневно во фирмата во која ќе се вработите. Денот започнува во 09.00h по македонско време и имате на располагање 24 часа. Откако ќе се одлучите, кликнете го копчето "apply" за да се вработите.

Кога ќе ја одберете понудата која најмногу ви одговара, играта автоматски ве префрла на оваа страница:


Веќе се вработивте и сега морате да изработите. На врата ве пречекува секретарката Ема која ќе ве бара од вас да бидете продуктивни. Таа ќе се израдува доколку сте на високо здравје, ќе ве прекори ако сте на ниско здравје и ќе ве советува да работите на повисоко здравје или пак воопшто нема да ви дозволи да работите ако сте на екстремно ниско здравје. Бидејки сте нови, и сте на 100 здравје (се надеваме) ви го препорачуваме следниов начин на работење:

Што означуваат маркираните полиња на сликата:
1. Името на фирмата во која се вработивте и копче за давање отказ од фирмата (можете да дадете отказ после три дена од денот на вработувањето).
2. Графички приказ на вашата економска вештина и платата која ја добивате за работното место.
3. Бустери за зголемување на продуктивноста. Имате на располагање четири засилувачи, секој со различен бонус по различна цена. Засега, користете го бесплатниот бустер при работа бидејки немате многу финансии.
4. Бонус продуктивност од реферали (пријатели) кои сте ги поканиле во играва. Бидејки сеуште ги немате овде немате што да одберете.
5. Поканете пријатели во играта за да ви даваат бонус продуктивност при работење. И да имате покането 100 пријатели, вие можете да искористите максимум два бустера од реферали (пријатели) кои ќе ви дадат 20% бонус во вашата продуктивност (или 10% ако имате само еден пријател).
6. Кликнете го копчето “work” за да изработите.



Откако ќе изработите ќе ви се отвори страна каде ќе ви се прикажуваат резултатите од вашиот труд. Што означуваат маркираните полиња на сликата:
1. Колку вкупно плата добивате за изработениот ден (плаќате данок на државата па од вашата па процент од вашата бруто плата оди во касата на еМакедонија)
2. Вашата економска вештина – Ова е поврзано со продуктивните поени. Еден продуктивен поен ви дава еден поен економска вештина. Со секојдневно работење вашата економска вештина се зголемува за одреден број на поени (на сликата покажува дека работникот добил 463 економски поени). Со редовно работење, вашата економска вештина нагло се зголемува а со тоа добивате и работно искуство и да добивате повисока плата. Затоа, работете секогаш со 100 здравје бидејки само така добивате најмногу економски поени и најбрзо ќе напредувате на економски план.
3. Продуктивни поени – Продуктивните поени постојано варираат бидејки се поврзани со нивото на вашето здравје, од бустерите кои ќе ги користите (работниот бустер и бустерите од пријатели), и бонусите од државјанство и ресурси. Работете со 100 здравје за да добиете максимум продуктивни поени а со тоа и максимум поени економска вештина.
4. Колку производи сте произведиле во зависност од индустријата во која работите (во нашиов случај, сме произвеле 232 едицици жито).
5. Работете 30 дена по ред (без прекин) за да добиете ”Hard Worker” медал кој ќе ви донеси 5 злато на вашето конто. Кога ќе го добиете првиот медал, започнува одбројувањето за вториот медал итн. Затоа, активно работете.
6. При секое работење губите од 1 до 5 точки здравје во зависност од квалитетот на фирмата а за сметка на тоа добивате два искусни поена.
7. Брз линк за остварување на вашите секојдневни активности односно да одите да тренирате.
8. Линк за пристап до вашата земја и битки во кои можете да се борите. СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!

СЕКОГАШ РАБОТЕТЕ СО 95+ ЗДРАВЈЕ! Само така максимално придонесувате за самите себе.

III фаза: ТРЕНИРАЈТЕ
Како и работењето, така и тренирањето е есенцијално за вас. Ако работењето е изворот на вашите финансии, тренирањето е извор на вашата сила во војните. Колку поредовно тренирате толку ќе бидете посилни на военото поле против непријателите на еМакедонија. За една земја е потребно да има колку што може поголем број на силни граѓани односно војници бидејки во играва претежно се се врти околу војната односно освојувањето на нови територии. Без силни граѓани, земја во новиот Свет е осудена на пропаст и да биде под постојана окупација од страна на друга држава.

Најпрвин, морате да се појавите во тренинг центарот.



Ова е тренинг центарот каде тренираме. Таму ќе ве пречека војничката Лана која е можеби најбогатиот пасивен лик во играва бидејки добро знае да си ги наплати своите услуги 😃

Еве што означуваат маркираните елементи на сликата:
1. Графички приказ на вашата снага, борбена сила. За секои добиени 250 поени борбена сила вие го добивате “Super Soldier” медалот кој ќе ви донеси 5 злато на вашето конто слично како медалот за работење само со таа разлика што за овој медал не е потребно задолжително тренирање секој ден за да го добиете.
2. Бустери кои ви даваат бонус. Бустерите функционираат исто како кај работењето. Најдобро е да започнете со бесплатниот бустер со 10% бонус и да правите микс со оној бустер со 50% (0.19 злато) на пример: два дена бесплатен бустер, бустер од 0.19 злато на третиот ден. НЕ КОРИСТЕТО ГО ТРЕТИОТ И ЧЕТВРТИОТ БУСТЕР, бидејки брзо ќе го “изедат” вашето злато. Откако ќе созрееете во играта (16ти лвл) доколку имате финансии ќе можете да си доволите таков бустер.
3. Бонус од реферали (вашите поканети пријатели на играва). Бидејки сте нови и истите ги немате, овде немате што да одберете.
4. Откако ќе одбележите се, кликнете на копчето “train” за да тренирате.

Што добивате како резултат од вашето тренирање:


1. Значка каде се напишани вашите резултати од тренирањето односно колку борбени поени сте добиле зависно од бустерите што сте ги користиле и графички приказ на вашата снага, борбена сила. За секои добиени 250 поени борбена сила вие добивате “Super Soldier” медал кој ќе ви донеси 5 злато на вашето конто.
2. При секое тренирање губите по 1 поен здравје но за сметка на тоа добивате два искусни поена.
3. Брз линк за остварување на вашите секојдневни активности односно да го земете завршниот бонус.
4. Линкови за пристап до вашата земја и битки во кои можете да се борите. СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!

Завршивме со работење и тренирање и сега можеме да го земеме бонусот кој ни следува како награда.



IV фаза: КУПУВАЊЕ И КОНЗУМИРАЊЕ ХРАНА!
Единствениот начин за да ја вратите вашата изгубена сила при работење, тренирање и борење е да конзумирате храна односно леб.

Како да си купите храна???




Одберете го продуктот “Food” а во под менито изберете ја храната со една ѕвездичка односно првиот продукт.



Ви се отвори листа на производители на овој тип на храна. Да видиме што означуваат маркираните елементи на сликата:

1. Првото поле и колона го означува квалитетот на храната која ја купувате односно колку здравје може да си вратите со конзумирање на една единица леб. Во нашиов случај, купуваме Q1 леб кој враќа два поени здравје по употреба. Десно имате линк “change” преку кое можете да пристапите кон купување на друг производ од маркетот (ве враќа на менито на претходната слика)
2. Во втората колона се застапени производителите на овој тип на храна.
3. Во третата колона (stock) ви е покажана моменталната количина на храна односно лебови кои ги продава производителот.
4. Во четвртата колона (price) е цената на единица производ односно на еден леб. Производителите обично се распоредени на листата по најниската цена на производот. Цените постојано варираат па обидете се почесто да го следите маркетот за да успеете да најдете подобра понуда.
5. Во последната колона, во квадратчето го наведуваме бројот на лебови што сакаме да ги купиме од производителот (во нашиов случај, купуваме три (3) леба) и
6. Откако ќе го наведите квантитетот, кликате на копчето “buy” за да ги купите.

V фаза: БИДЕТЕ ЗДРАВИ – СО ВИСОКО ЗДРАВЈЕ ДО ПОГОЛЕМ УСПЕХ
Сигурно досега сте си спомнале “Ах тоа здравје, што толку е потребно па толку се пишува за него”??? Верувајте ни, ова е најважното нешто на кое треба да обрнете внимание во овој туторијал бидејки е есенцијално за вас во играва. Обидувајте се да го оддржувате вашето здравје над 95. Доколку не се лечите секој ден, вашето здравје секојневно ќе паѓа се додека не стигне до нула (0), кога официјално ќе бидете прогласени за еМртви 😃

ЗА ДА ГО НАДОКНАДИТЕ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ПОТРЕБНО Е ДА КОНЗУМИРАТЕ ХРАНА! Освен со леб, здравјето може да се врати и со плаќање во злато (користење на wellness pack) но тое е премногу скапо и неисплатливо па никако не ви го препорачуваме тој начин на “лечење”. Затоа, само со леб ќе го надокнадувате вашето здравје и тоа со најефтиниот леб (попознат уште како q1). Исто како кај фирмите, и производите на маркетот со исклучок на суровините се поделени на пет категории по квалитет. Начинот на кој можете да купите храна ви го објаснивме погоре.

КАКО ДА ЈА КОНЗУМИРАТЕ ХРАНАТА?

Претпоставуваме дека веќе сте купиле храна од маркетот. Сега вратете си го здравјето со нејзино конзумирање. Јадењето е многу лесно и едноставно. Потребен е само клик на копчето “eat food”.



Како изгледа копчето “eat food”: кога немате купено храна (слика бр.1), кога имате купено храна и можете да конзумирање храна (слика бр.2) и кога сте стигнале до максимум здравје и не можете повеќе да се лечите (слика бр.3).


VI фаза: КАКО И ШТО ПОНАТАМУ?

Вие преку овој туторијал се запознавте со основите на eRepublik односно секојдневните активности кои морате да ги вршите за да успеете во играва. На почетокот од вас се бара ТРПЕНИЕ бидејки само така ќе успеете оптимално односно ефективно и ефикасно да го развиете вашиот лик. Постапувајте по инструкциите дадени во туторијалов па и од постари играчи доколку сте побарале совет од нив. Да, почетокот е досаден (со само неколку кликања) но сите ние поискусните играчи сме го поминале тој трнлив пат до успехот 🙂. Па и ние бевме бебиња еден период но, со волја и посветеност успеавме во еЖивотот и сме таму каде што сме.
Обидете се што поактивно да работете и тренирате (тоа ќе ви одземе едвај 2 минути) а да се запознаете со Македонското еОпштество, претплатете се на весниците на македонските министерства, регистрирајте се на форумот и секако, дојдете на чет каналот за да се дружиме. Читајте весници, овој дел од играва е можеби најинтересниот во секое еОпштество, претплатете се (subscribe) на оние весници кои пишат квалитетни и интересни статии односно ви оставиле впечаток, гласајте ги нивните артикли и коментирајте ги а најважно од се, оддржувајте го вашето здравје на максимум и штедете. Штедете го вашето злато бидејќи подоцна можете да го вложите во весник, фирма или за надоградба на вашите вештини а со платата која ја добивате купувајте си леб.