Потпишан договор за соработка на Ренџери и Тигри

Day 1,236, 12:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Georg the macedonian
Тигри и Ренџери се првите единици кои постигнаа соработка на поле АРМ-паравоена единица со тоа што еден член од единицата Тигри AceZuti несебично се обврза да отстапи 6 места во една q5 фирма за оружје (која моментално не ја користи максимално за лични потреби поради рентабилност) за потребите на Ренџери, а притоа тенковите произведени од страна на тие 6 души да се донираат во РЕНЏЕРИ единицата (трошоците за IRON ќе бидат надокнадени од страна на Ренџери)!
Ренџери ја ценат оваа помош и се благодарни затоа што освен одличните односи со АРМ и останатите единици сега може вистински да се помогне на еМакедонија со инфлуенсот.
Овој потег треба да служи како пример за соработка и се очекува да биде направен и од другите единици кои сакаат да работаат за подобро на еМакедонија!

Hail TIGRI
Hail RANGERS
HAIL MACEDONIA!!!