Конечно еПолска нов сојузник на еМакедонија !!!

Day 1,233, 07:37 Published in North Macedonia North Macedonia by MKHero

Почнавме да се навикнуваме на потпишување МПП, пред се со членките и симпатизерите на ОНЕ сојузот. Тое е дефинитивно добар знак за нашата еДржава, пред се поради фактот ШТО ПОВЕЌЕ СОЈУЗНИЦИ, ТОЛКУ ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА НОВИ ПОБЕДИ НА БОЈНОТО ПОЛЕ !!! Продолжувам и понатаму, да информирам за потезите на нашиот конгрес, се со цел да имаме подобра слика за нашите сојузници.

еМакедонија денес потпишува МПП со еПолска и со еНов Зеланд.

Да почнеме со она поважното за нас, сојужништвото со еПолска.
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/71160



Конечно дојде и тој ден, потпишување на МПП со еПолска, една од основачите на сојузот ОНЕ и секако една од појаките еДржави. Ова МПП ќе го склучевме и многу порано НО еПолска за сојузник ја имаше еИталија, нашиот Природен Непријател, па до тоа не можеше да дојде. Интересно е тоа што сојужништвото на еПолска и еИталија не истекува денес, не ни утре, туку за 3 дена, но еИталија до утре на пладне веќе ќе ја нема, па токму затоа МПП со еПолска е предложено уште вчера.

Во продолжение можете да погледнете мало инфо за нашиот нов сојузник еПолска.

Сујузници на еПолска:
-еСрбија
-еУнгарија
-еИндонезија
-еИран
-еТурција
-еМексико
-еБелгија
-еШпанија
-еЈужна Африка
-еСловачка
-еЛатвија
-еПеру

Природен Непријател: еФранција. еПолска во оваа војна добро напредува и веќе е навлезена длабоко во еФранција.

Моментални региони на еПолска :

-Champagne Ardenne, Brandenburg and Berlin, Saxony, Kaliningrad – Региони богати со овошје
-Alsace, Lorraine, Baden-Wurttemberg, Bavaria – Региони богати со железо
- Mecklenburg-Western Pomerania, Lower Saxony and Bremen, Pomerania – Региони богати со риба
-Hesse, North Rhine-Westphalia, Thuringia – Региони богати со алуминиум
-Mazuria, Great Poland – Региони богати со жито
-Mazovia, Little Poland – Региони богати со елени
-Eastern Netherlands – Регион богат со крави
-Silesia – Регион богат со шалистра
-Western Netherlands – Регион богат со нафта

Број на жители на еПолска: 24194 жители, со напомена дека тука спаѓаат и жителите од окупираните региони.

Број на искуствени поени на еПолска: 25,772,753. Во просек имаат по 1,393 искуствени поени, со што моментално се наоѓаат на 2-то место во еСветот, веднаш после еСрбија.



Второто МПП кое е веќе изгласано е со еНов Зеланд.
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/71094



Интересно е тоа што оваа еДржава има уште само 4 сојузника, а ние со сите тие имаме веќе потпишано МПП.

Сојузници на еНов Зеланд :
-еСрбија
-еСловенија
-еИндонезија
-еУнгарија

Природен непријател : еЧиле. Инаку еНов Зеланд веќе подолго време е во пинг-понг војна и со еАвстралија.

Моментални региони на еНов Зеланд :
-Tasmania – Регион богат со крави
-Canterbury – Регион богат со железо
-Pando – Регион богат со овошје. Овој регион не е од никаква корист за еНов Зеланд поради тоа што се наоѓа во централна Јужна Америка и не споен со оригиналните територии на еНов Зеланд.
-Auckland – Регион богат со жито. Исто како и предходниот и овој регион не е поврзан со главниот град и не е од корист за еНов Зеланд.
-Zona Austral – Регион богат со риби. И овој регион не е поврзан со главниот град и е еден од окупираните делови на еЧиле.

Број на жители на еНов Зеланд: 808 жители.

Број на искуствени поени на еНов Зеланд: 1,220,936. Во просек имаат по 1,381 искуствени поени, со што моментално се наоѓаат дури на 33-то место во еСветот.

Од мене за денес толку. Поздрав народе ... до следното пишување.