Конгресмени

Day 1,232, 13:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Done008

Се уклучувам денес после долгиот ден да видам што се случува со изборите. Гледам Македонија до Индија убедливо води и си помислив, е сега овие од МНФ ќе се перчат 1 месец, а овие од ОЕМ ќе бараат најразлични опрадвувања како и зошто изгубиле и дека уствари кога би имале кандидат немаше да изгубат... И после гледам... Кокошарник, никој не знае кое јајце чиво е, а кокошките ги нема.

Дали сте свесни дека малце "откачивте и претеравте"?

На што личи ова ај кажете ми.


Си викам, ај нашиве се предомислија ок, како на Бугарите да не им се доста Турција, Србија и Иран па уште и ние... И ок си гледам некои понуди на маркет да си купам лепче да јадам и што да видам.

Со неколку секунди разлика проследено со:

И бидејќи немав попаметна работа почнав да ги "сликам", да видам до кај ќе стигне. Кога гледам...

После ова мило ми е што денес не бев тука цел ден. Кој знае што се случувало.


Е сега, јас имам само некои 300 пријатели (може и помалку) и дали имам само 4-5 од сите конгресмени. Не сакам да замислам што се ќе имаше ако ги имав сите.
Не мислите дека малце го злоупотребувате Shout Копчето?
Не за друго, ги буните граѓаните па и ние почнуваме да пишуваме, кој што видел последно, Гласај ДА, други, Гласај НЕ... и тука настанува ОПШТ ХАОС!



Ок значи не биле криви конгресмените, такви биле наредбит од ONE. Но сепак фактот дека ако конгресмените се каде што треба и кога треба, нема да се случува оваа злоупотреба на Shout копчето.


Прошлиот месец имавме катастрофален конгрес, овој пат пак се пријавуваат некои непознати фаци за конгресмени.
Пред 5 дена се намали ДДВ, пред 1 ден се накачи.


Еве еден предлог. Место Shout да ви биде збирно место, одете отворете си некој форум, или договорете ЕДНО ВРЕМЕ секој ден на CHAT и готово.

И најпрво од се, пред горенаведените предлози... НЕ НАЗНАЧУВАЈТЕ СЕКОЈ ЗА КОНГРЕСМЕН.

Па и вие што се кандидирате. Навистина не ве разбирам која ви е поентата. Има некои што сакаат да работат и да помагаат ајде тоа поминува. Но сите вие кои не работите и не се појавувате на состаноци кои ви ги закажуваат надлежните... ЗОШТО СТЕ СЕ КАНДИДИРАЛЕ?
-За 5 злато? Епа не останува за вас.
-За медал? Епа извинете што ќе ве разочарам, ама ништо не ви вреди.
-Затоа што мислите дека ако станете Конгресмен на еМакедонија ќе ве почитува некој повеќе? Верувајте, само можете да ја загубите почитта кај некој со функцијава, ништо друго
-Бонус: Па дали знаете дека треба да сте поголемиот дел од денот Уклучени на играва и да се расправате со играчи и да делите/не делите државјанства?


Дајте ве замолувам. Средете ја ситуацијата со Конгресмените. И ако може некое министерство (Мислам дека би требало за ова да биде надлежно министерството за Информирање) да издава статии за промените кои се случуваат и одлуките кои ги носи конгресот. Бидејќи некои од нас кога ќе станат сабајле, првата работа што ја кликаат НЕ Е Country Administration за да ги погледнат законите и кога ќе стават производи да се продаваат не ни приметуваат дека ДДВ е сменето се додека не се продаде тоа.

А и мислам дека НЕИНФОРМИРАНОСТА може целосно да не уништи.

П.С. Ако не сме 100% сигурно дали сакаме да ја нападнеме Бугарија тогаш сметам дека подобро е да не го правиме тоа. Вие купувате Јогурт ако не сте сигурно дали има денешна дата? Или прво прашувате па после купувате?

П.П.С. По самото излегување на артиклот дознав дека имало проблеми со наредбите од ONE. Но тоа не го менува фактот дека конгресмените за се се договараат преку Shout и дека не целиот народ е навремено информиран за што и како ќе се случува. А и наредби преку Shout треба да пишуваат само одредени луѓе, не кој ќе стигне, за да не се доаѓа до забуни. 🙂

П.П.П.С. Ако мислите дека заслужуваат повеќе луѓе да гопрочитаат ова, еден Shout ќе биде доволно 🙂.

Improvise, Adapt and Overcome!
Толку од мене за денес, Добра Ноќ.
Done008