Политичко портфолио

Day 1,232, 05:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Cool Hunter

Избори.Дојде повторно денот на е-изборите.Интересна е политичката идеологија на партиите кои ги имаме кај нас во споредба со оние во реалниот живот.Со оглед на тоа што оваа игра е најпопуларна кај малите државо за лечење комплекси и барем виртуелно освојување на територии,и партиите ни се претежно десничарски и патриотски ориентирани.Уште при пишувањето на мојата прва статија каде што по грешка ја напишав на латиница наидов на бурна реакција од страна на нашите големи патриоти,заштитници на кирилицата.Па така,до слепите почитувачи на ликот и делото на Кирил и Методиј мое најголемо извинување,нема да се повтори.Што се однесува до партиите мислам дека ни е потребна и друга политичка ориентација со различна идеолошка матрица,која би била заинтересирана и за други сфери,можеби не еколошка партија,но партија која ќе ни ја раздвижи економијата.