Конгресмени или пиуни?!?! Одберете Сами!!!!!!

Day 1,230, 07:10 Published in North Macedonia Russia by mandanata

Драги соиграчи

Кога се пријавив за конгресмен, решив мојот мандат да биде транспарентен и сите информации кои не се во полза на еМакедонија да ги споделам со пошироката јавност.
Имено вчера имаше една статија во која конгресмените од страна на одредени познати играчи беа наречени пиони и дека они служат само да гласаат.
Јас како представник од МНФ не сакам некој да ме смета пион се нафатив да помогнам и затоа го прифатив овој мандат и да ја представувам еМакедонија со мои предлози и со мои идеи. Ако одредени партии ги сметаат своите конгресмени за пиони тогаш нека им служи на чест а тие конгресмени нека се запрашаат зошто се наречени пиони.

Во оваа статија сакам да споделам една работа која ме заинтригира и за која прашав на конгресмнескиот канал но никој од “пионите” немаше одговор.

Народна Банка на Македонија [НБМ]
Пред некој ден во НБМ на Македонија имаше околу 1800 голд


Само неколку дена потоа во НБМ 1000 голд:

Што се случи со 800 голд никој немаше појма.
Но исто така видов дека после неколку часа не се краде само голд туку и МКД за неколку часа исчезнаа ни помалце ни повеќе туку 30012 МКД

Оваа е еден пример за транспарентност каде одредени членови на влада си играат со злато како еМакедонија да е нивна приватна фирма а исто така и дволичност кога напаѓаат за некој данок кој замислете бил донесен а тие не биле консултирани(мислам од пиуните-конгресмени).
Затоа ги повикувам моите колеги (оние кои не се осеќаат како пиуни) без оглед на која партија припаѓаат да застанеме на пат на ваква “транспарентност”. Ние за разлика од некои сме бирани од народот на легални избори и ја представуваме еМакедонија. Нашите мандати се дадени од народот да ги браниме нивните интереси а не да не бидеме пиуни. Имаме доволно моќ да спречиме вакви работи да се прават преку ноќ и без консултација со конгрес.

За Македонија
За чесност

Поздрав од вашот не пиун туку конгресмен
[PanzerR]Mandanata
**Кликнете на сликите за да ги видите одблиску