Тактики за војување

Day 1,228, 13:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Done008

Значи еднаш напишав огромна статија и ја пишував 2 саати, со секакви можни Тактики и контра тактики, и ми се избриша зашто не и направив Copy , а стиснав Preview и играта автоматски ме одлогирала.... После напишав уште една пократка и таа ми се избриша поради истата грешка...

Сега пишувам 3та статија и се надевам нема да се избрише. Тука ќе напишам на кратко а во наредните денови кога ќе видам слободен ќе опишам подетално. Доколку некој има прашања или совети или аргументи некакви нека пише коментар или порака нека ми пише.


Значи со новите промени во војувањето секоја минута се освојуваат поени и тоа:

1-30 минута ---- 10 поени од минута, максимум 300 поени
31-60 минута ---- 20 поени од минута, максимум 600 поени
61-90 минута ---- 30 поени од минута, максимум 900 поени
91-120 минута ---- 60 поени од минута, максимум 1800 поени


Од горе наведеното можеме да го увидиме следното.
Максимум поени кои може да се освојат во една битка се 3600 и доволно ни се само 1801 поен за да победиме во рундата.

Рундите се сега поделени на 4 дела, односно 4 Четвртини.

Првите 3 Четвртини даваат 1800 поени и последната Четвртина исто така дава 1800 поени. Од тука доаѓаме до следниот заклучок.

6 минути од 1 четвртина = 3 минути од 2 четвртина = 2 минути од 3 четвртина = 1 минута од 4 четвртина

Ваква вредност и зависност имаат поените од секоја Четврдина.

Е сега, поради менталитетот и мрзливоста на Човечкиот род сите логично ќе се тепаат со цела сила во последните 40 минути со оглед да победат... Епа тоа може да се искористи. Има повеќе тактики за војување но како што реков ми се избришаа веќе 2 артикли и овој ќе биде доста краток.

Според мене главна тактика според која треба да војуваме треба да ни биде следнава. На крај ќе пишам неколку модификации кои може да се направат по потреба бидејќи се разбира не излегува секогаш се како планираното.

Најпрво сите Воени единици во Македонија без разлика дали се паравоени или државни се делат на 4 ГРУПИ. Или уште подобра идеја... Војниците од сите Воени единици се зимаат заедно и во споредба со нивниот Strength се делат на 4 групи.

1 Група: Војници од 500-1000 Strength.
2 Група: Војници од 1000-1700 Strength.
3 Група: Војници од 1700-2300 Strength.
4 Група: Војници од 2300 Strength па нагоре.


Забелешка: Со тек на време како ни стануваат посилни војниците параметрите за групите би се промениле.


Е сега.

1 Група на војници ќе бидат задолжени за 1 Четвртина. Со оглед на тоа што нашите цивили за сега добро се покажаа нашите стартови во војните и рундите се доста Силни. Но за секој случај групата војници ќе треба да обезбеди минимум СИГУРНИ 15 минути. Потоа нема да мава во рундата се до наредната рунда.

2 Група на војници ќе бидат задолжени за 2 Четвртина. Овие војници ќе треба да обезбедат 20 минути од оваа четвртина или пак доколку е потребно 15 минути одоваа четвртина и ќе помогнат во првите 5 минути од наредната 3 четвртина бидејќи наредната 3 четвртина е клучна битка.

3 Група на војници ќе бидат задолжени за 3 Четвртина. Овие војници ќе имаат многу важна улога бидејќи ќе треба да се погрижат да се освојат максимум поени т.е. сите 30 минути да водиме.

4 Група на војници се задолжени за последната 4 четвртина. Ако се одело по планот во првите 3/4 од Рундата тогаш овие војници ќе имаат за задача да освојат МИНИМУМ 7-9 минути , и останатите не ни се важни.


Модификации
И модификациите ќе бидат кратки и само општо кажани поради фактот , уште еднаш ќе повторам ми се избришаа 2 претходни статии кои ѓи пишував повеќе од 2 саати.

1. Во случај на потреба за освојување на повеќе минути во 4 четвртина сите војници од сите групи кои се уклучени во моментот ќе маваат во последната рунда се додека не ги добиеме саканите поени.
2. Ќе има определно неколку луѓе, кои ќе се менуваат на секоја рунда. (од 4 па нагоре луѓе). Овие луѓе ќе имаат за задача да гледаат како напаѓа и каде го фокусира ПРОТИВНИКОТ својот INFLUENCE. Во која рунда. И по потреба овие Одредени луѓе ќе ги пренесуваат информациите на наредниот одговорен за наредната рунда со цел да се одбере во наредната рунда подобра тактика и подобро да се распредели нашиот Influence.
3. Зависно од тоа против каков противник се бориме (дали има многу војници со слаб Strength, или пак неколку многу силни тенкови) ќе користиме различни тактики. Покрај горенаведената главна тактика, понекогаш ќе треба повеќе да се фокусираме на првите неколку Четвртини да ги собереме тие поени, отколку во последните рунди... Но некогаш ќе биде обратно. Како што реков се зависи до тоа како ќе се однесува нашиот непријател.


Заклучок

Со горенаведената тактика ние ќе ги добиеме следните поени.

(15*10)+(20*20)+(30*30)+(6*30)=1810 што се доволно поени за да победиме.

Значи не оди секогаш се по планот но мислам дека секогаш треба ПРВАТА РУНДА ОД било која Војна да ја почнеме на овој начин. И во текот на рундата ќе увидиме како мава нашиот противник и ќе можеме да превземеме некои мерки. Бидејќи со оваа тактика многу добро се распределува Influence-от во текот на целата борба и поради НАВИКА од претходно сите во наредните неколку денови ќе се собираат ВО ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ па така да мислам дека првите неколку денови (5-6 се надевам) ќе имаме голема предност. А и во секој случај противникот нема да знае што го очекува а сигурно нема да очекува ние да бидеме активни во текот на целата борба, па на крајот во последната 4-та четвртина ќе сватат дека им е бесполезно што се собрале.



Ова е вака накратко. Има уште многу различни опции и КОНТРА опции. Со овој воен модул сите ќе треба повеќе да се организираме и да бидеме поактивни. (И така повеќето од нас се уклучени во поголем дел од денот). Исто така со овој модул имаме ПОВЕЌЕ простор за Тактизирање па може и поинтересни да ни станат војувањата.

Иако, значи повторувам ќе треба да се седне и да се осмислат ДОБРИ тактики, иако веќе јас имам осмислено повеќе и различни КОНТРА тактики доколку нашиот противник се бори ПАМЕТНО. И се разбира брзо да се применуваат. Се ова треба да оди преку Министерството за Одбрана.

И дај навикнете се дека играва е преполна со ПРОМЕНИ. Зарем не свативте до сега. Ако не можете да се одвикнете едноставно престанете да играте отколку по цел ден да пишувате најразлични АРТИКЛИ колку се лоши новите промени.

А можете и како мене едноставно да ИМПРОВИЗИРАТЕ, да СЕ АДАПТИРАТЕ и да ПОБЕДИТЕ.

Или на англиски

Improvise, Adapt, Overcome! (За тие што го гледале Undisputed ќе им биде позната оваа реплика. Верувајте ова е тоа што ме води во животот, а треба и сите вас. 🙂

Поздрав!

Done008.

П.С. Доколку ви се допадна ќе ве молам барем Shout за да го видат повеќе луѓе.

П.П.С. Ќе заборавев, еве ви едно маќедонско девоче за крај.