[ОЦМ] Болници во еРепублик и нивно користење

Day 1,224, 09:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie

Болниците се користат за бесплатно лечење на почетокот од секоја битка. Купување на болница во одреден регион може да предложи само претседателот на државата и тој предлог мора да биде изгласан од конгресот. Потоа, претседателот ја става болницата во одредена битка.
Болниците се составени од 2 дела: ѕидови и покрив. Покривот покажува колку пати може еден војник да ја употреби болницата, додека пак ѕидовите покажуваат колку вкупно здравје може да даде болницата.
Според квалитетот болниците се делат на:
Q1 Болница: Може да биде искористена по еднаш од секој граѓанин и дава вкупно 5 000 здравје.
Q2 Болница: Може да биде искористена по два пати од секој граѓанин и дава вкупно 10 000 здравје.
Q3 Болница: Може да биде искористена по три пати од секој граѓанин и дава вкупно 15 000 здравје.
Q4 Болница: Може да биде искористена по четири пати од еден граѓанин и дава вкупно 20 000 здравје.
Q5 Болница: Може да биде искористена по пет пати од секој граѓанин и дава вкупно 25 000 здравје.

Болниците може да се искористат на почетокот на битката. За да видите кога ќе има болница во текот на денот може да го посетите следниов линк http://erepublik-market.cz.cc/hospital.html. Болницата е достапна во државите чие знаме го има во полето Available in Countries. Тука може да видите за колку време ќе биде достапна болницата како и колку здравје дава.

За поголем формат - Десен клик -> Open image in new tab

Болницата може да се користи на почетокот од битката. Откако системот ќе ги изброи жртвите се појавува следнава слика:

За да ја искористите болницата мора да бидете навистина брзи бидејќи болниците траат многу кратко но има и исклучоци кога траат до крајот на битката



Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате туторијалите што следуваат. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
NightWolfMK
Март 2011

Стручен советник и рецензент
PhoenixMK