МОЛБА ДО АДМИНИТЕ !!!

Day 1,224, 05:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Krndel



Македонци!

Админите повторно со ново правило и повторно во штета на Македонија ,токму кога успеавме да освоиме дури 7 од вкупните 10 ресурси кои постојат на еРеп. И токму кога требаше да добиваме многу поголема продуктивност во нашите фирми,админите за инат воведоа правило кое гласи:

Процентот на зголемена продуктивност фирмите го добиваат само доколку териториите со потребниот ресурс се припоени со главниот регион.





И баш тогаш ја отворив мапата на еСветот и веднаш заклучив како можеме да ги добиеме тие проценти на зголемена продуктивност,како регионите кои ги освоивме во Италија можеме да ги поврзиме со нашиот главен,но за жал тука повторно админите се тие што одлучуваат.

Па еве ја мојата молба до админите!!



СТАВЕТЕ ЈА АЛБАНИЈА НА МАПАТА !!!!!!!







Дајте сите по едно воте па културно да ги замолиме админите нашите верни пријателчина кои ни помагаат и во добро и во зло да ја стават Албанија на мапата

И пошо со нив сме другари уште од мали ќе направиме договор ние да ги чуваме нивните територии ( нема да ги окупираме ).