Последиците од војната врз АрМакедонските АрАмии !

Day 1,223, 08:25 Published in North Macedonia North Macedonia by brsja4e

Здраво Македончиња!

Денес најдов време да го реобјавам артиклот во кој ќе пишувам за последиците од војната врз нашата единица.

Наша цел во оваа војна беше една и единствена - да се ослободи нашиот драг Печалбар - Драшлускони . Иако се боревме со сета наша сила, искористивме се што можевме, но сепак не сме стигнале никаде. Веќе 4 дена нема никаков сигнал од Драш. По битката за Лацио му се изгуби секаква трага.
Затоа апелирам до Италијанските власти да го бараат под дрво и под камен, се додека не го освоиме и последниот нивни регион, тогаш ние ќе си го бараме.

Сега ќе ја опишам атмосферата на нашиот чат-канал.
Од почетокот на војната очигледно е дека Италијаните не даваат никаков отпор во војната и тоа се одрази многу лошо врз нашите членови.
Секојдневната тортура од АрМакедонците е неподнослива.
Лавот наш најубаф не прави ништо друго освен да не спамова со неговата потрага по подарен машки шарпланинец стар 3 месеци (или како шо еМакедонецот со најголемо знаење од играва (ако ви треба слободно барајте го) го нарече песот на Лавот - Контејнерска Ртка).
Потоа следува лигавењето на Стружанецот кој препека за пица од Буре.
Најозборуваниот еМакедонец не прави ништо друго на чатот, освен да се помајтапи со членовите и да ни кажи дека си легнува 🙂.
Иван Дон Жуан Македонски само се интересира за понежниот пол, и редовно помага во спамот на каналот (дури и покасно остана на работа еднаш за да го заебаваат Екс министерот за образование (ако ви треба помош, побарајте го, ќе ви помогни).
Важниот (не одговори на интервјуто), Паметниот, и Пекарот расправаат нон стоп за некои зделки, се фалат со продажбата и слично.
,,Малиот,, се појавува ко ќе му треба леб, тенк нешто, иначе афк е 🙂
Бабето ни е буквално баба. Чисти, помага, дели, наредува, се мајтапи, спамова. Срцка 🙂
АФКер no1, АФКер no2, АФКер no3, АФКер no4, АФКер no5, АФКер no6, и АФКер no7 се како што можите да видите, АФК 24/7, едни со колоквиуми, други со матурски, трети со порничи, и така.. 🙂
МАКЕДОНЧЕ се вртка по канало цело време, и 45 минути ќе прашва за наредба, и на крајо ќе заврши битката и пак 2 сати ќе прашва за наредната 🙂
Прилепчанецот од Пуста река Че дојди, Че види шо прајме, Че се пожали дека нешто му се расипало и Че си оди 🙂
Будилникот нормално не буди ко ќе треба, и чека некој да ги изнервира да потроши 2500 голд (поќе од Ромпер) и да му го земи медало 🙂
Ветеранот го нема, го нема, и ОП! коментар негде од 4 страни со критика првокласна. И мајтапите ги владеј многу 🙂
Шпиуно седи Idle цело време, и ние мислиме го нема, го нема, и ќе пиши: Тука сум, ве читам. Сите муабети шо имат поминато на чат ги знај.
И овај е афк ама не го сметам со другите оти клипче изваде овај, ќе речи го работеше 🙂
Најбанираниот и рекордер по најмногу Kickови во 1 ден не прај ништо, освен да се заебава и да менва никој цело време 🙂
Генерал Чат и неговиот партнер Командир Чат цело време се жалат за случувањата на еМКД каналот и оти некој добивал ОП цело време 🙂
Имењакот ни е најактивен со поздравите на логин, иако често ги љуфка, ама гестот е битен. Уште го чекам да дојди на кафе ама го нема (последнио пат Посранио беше крив, колата го зае*ала нешто 🙂
Дилеро не го гибаме, ојден е странство кола да земи 🙂
Колешкава беше најАФК од сите и мислев дека е бот на каналот, се дури една вечер не ме просветли со дузина информации за кои и сум благодарен.
Пеперутката и Софчето си се афк, стандард, одвреме-навреме ќе остат песна нешто и толку (не се афк, туку не прат муабет, и Пеперутката не остава песни, софчето на фб остава, убај 🙂 ).
Даскалот ни е такоџе редовен и тој како економистите се фали со зделките што ги остварил.
Фацата ќе седи на канало, дури не се договори со Генералот или Командирот Чат за излегвање и слично.
Министерот за Одбрана ќе дојди, ќе ни остај линк од весникот, ќе пиши гласајте, и после ќе дојди, ќе остај линкој од борбите и ќе речи, мавајте 🙂
И да не ја заборавиме нашата Прилепчанка у Скопје која е тука за да го држи редот и мирот под контрола.
Како п.с. следуваат забораените:
Ќути си-дупи си, се си прај со ќутенка и со разумен компромис, срцка 🙂
и на крај Чоеко шо ме измачи, незнаев кој е потпишан RAG на чат, а неќев да прашвам, 3 недели незнаев ни кој е ни шо е 🙂 ама нема везе 🙂
Мислам дека ви ја доловив колку-толку атмосферата на нашиот канал и ги опишав нашите членови.
Не мислам да навредам никој и статијава е пишана чисто за разонода.

Бидете ми поздравени сите и останете ми со здравје.

МнМ!