Цените растат !

Day 1,223, 02:40 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970

Напомнав пред 10 дена кога цените на лебот и картите беа екстремно ниски , сите што имаат вишок пари а немаат фирми да купуваат поголеми залихи!. Односно да не ги чуваат парите под перница туку да купуваат од евтините производи и на некој начин да профитираат .
Ама кој си купил сега си има 🙂
Сигурно кога го отвориле маркетот сабајле многумина од вас се изненадиле кога виделе дека цените на одредени производи се поскапени за двојно ? ! во однос на претходните денови .
Дури и вишокот леб што го имав за тешки времиња а го чував на маркетот гледам половината ми се продал 🙂
На што се должи ова ?
Според мене голема улога имаа зголемувањето на ддв за леб , потоа зголемување на курсот на голдот ( односно вредноста на денарот паѓа), како и воведените екстра давачки за увоз т.е неисплатливоста на странците да продаваат на нашиот пазар.
И последно големо влијание има и тоа што поради претходно ниските цени дел од газдите ги оставија нивните фирми во мирување ?
Кој добива кој губи од новонастанатата ситуација ? 🙂
Се разбира газдите профитираат а работникот како и до сега ќе прежувува 🙂