еМакедонија-Воен феномен

Day 1,221, 18:04 Published in North Macedonia North Macedonia by BakjorMK


Благодарение на поранешниот претседател Драш (одговорна, борбена и упорна личнист) кој со помош на неговите луѓе , беше нарачател на успешен бејби бум поради кој денеска Македонија коси се пред себе 🙂.На голем дел од новите играчи им се допадна играта но и голем дел од нив продолжија да играат бидејќи на македонскиот чат Rizon имаше постојано некој од тимот за подршка на новите играчи, во овој момент им се заблагодарувам на сите што помогнаа новите играчи да ја совладаат играта и да ја направат македонската војска една од највлијателните во светот .



Дисциплината и координацијата на македонскиот народ и војска е главен фактор за нашиот резултат, како и почитувањето на наредбите на министерството за одбрана, исто така да не ги заборавам искусните лидери на чело со Струмјанин, кои успешно не водат.Нашите сојузници се покажаа доследни и многу ни помогнаа да излеземе од таа “оригинална дупка” од која прво Србите се согласија да ни помогнат да се извлечеме 🙂.



Продолжете да напредувате, трошете рационално 300 енергија за Македонија и сојузниците посебно ова се однесува за играчите што имаат Лебари, бидејќи намален е профитот користете го лебот за себе и јакнење на својата сила.Ако немате над 1500 сила и над 50000 ранк поени немојте да се залажувате попусто за БХ...



Ова е само земјотрес , допрва следува цунами 🙂