Вести од еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,220, 13:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


По изминатава недела, можевме да заклучиме само едно...се предвидува светла иднина за нас но и нашите сојузници.
Како што можевте да видите во претходниве денови нашата едржава успешно напредуваше и освои три нови региони. еИталија е веќе на колена и чека да биде освоена од наша страна. Скоро без борба ги завземавме нивните три региони: Apulia, Molise и Lazio. На ред е Tuscany. И се би било добро ако админите не ја воведоа најновата промена која на нас воопшто не ни одговара. Имено, се работи за тоа дека на секоја држава, освоените територии мора да и бидат поврзани со главниот град како би важеле ресурсите од освоените региони. Моментално сме отсечени од половина од постоечките ресурси кои ги добивме со освојувањето на новите региони. Доколку сакаме да ни важат, ќе мораме да добиеме граница со истите. Тоа може да се случи само преку Србија, доколку ни овозможи 2 региони, па потоа Хрватското крајбрежје, преку Грција, што во моментов и не е најпаметно решение или со додавањето на еАлбанија. Доколку се оствари третото решение ќе мораме да почекаме најмалку еден месец бидејќи секоја додадена еДржава има имунитет од месец дена во која ќе може да се организира т.е. не смее да се напаѓа. По весниците кружеа идеи со тоа да го префрлиме главниот град во еИталија и со тоа да имаме повеќе ресурси. Преку конгресот тоа не е сеуште возможно. Се размислува за идејата да се даде моменталниот главен регион Eastern Macedonia на еСрбија, за потоа претседателот да одбере друг. До моментот на објавување на статијата, претседателот го чека одговорот од админите околу тоа прашање. На крајот, слободно можеме да заклучиме дека изминативе неколку дена се се одвиваше во наша полза.

НАШИ СОЈУЗНИЦИ:

Што се однесува до еСрбија, конечно после неколку месечна војна со еХрватска се одвои едната страна како посериозен противник, тоа секако е нашиот сојузник. еХрватска откако успеа да ја освои Војводина, па до денес е во лоша ситуација. Србите веќе се длабоко навлезени во еХрватска, која е во паника бидејќи губи дел по дел. Денеска еСрбија ја зазема и областа Central Croatia.

Покрај еСрбија својата сила во изминативе денови во целост ја покажа и еУнгарија. Конечно војната помеѓу еУнгарија и еРоманија во последните 2-3 дена стана интересна. По подолго време заврши пинг-понг војната па еУнгарија освои неколку делови на еРоманија. Моментално, Романците дигнаа Resistance War во Transilvania, но еУнгарија е во водство со 7:0 и се поизвесно е дека ќе го одбрани.

еИндонезија и еСАД постигнаа договор и набрзо ќе биде потпишан мир, а до тогаш ќе гледаме пинг-понг војна. еИндонезија сепак не мирува, за нов свој природен непријател го одбра еТајланд. Нашите сојузници веќе го освоија регионот Southern Thailand.

Откако еТурците успеаа да ги избркаат еРоманците од својата територија, сега еТурција повторно ја прогласи еГрција за свој природен непријател и ги започна борбите за свое ослободување. Засега го одбрани својот регион Black Sea Coast of Turkey. Се чека напад за враќање на нов регион.

еИран во борбата со еБугарија загуби два од своите региони, Sistan and Baluchistan и Kerman Province. Моментално се води борба за регионот Fars, но тука би требало да извојува победа бидејќи води со 7:3.

еСловенија од вечерва како природен непријател ја има еАвстрија.

ИНФОРМАЦИИ:

Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):

Во оваа категорија еБразил беше лидер повеќе од 1 месец и тоа убедливо, но сега конечно имаме промена на врвот, па држава со најголем број на жители е еСрбија. Секако тоа се должи поради фактот што се освоени територии на еХрватска.

1. - еСрбија 24,663 жители. Минатата недела еСрбија беше на третото место со 19,375.

2. - eБразил 22,341 жители. Минатата недела еБразил имаше 24,575 при што е забележан пад на населението.

3. - еАмерика20,050 жители. Минатата недела имаше 20,998, со што веќе подолго време стагнираат кога е во прашање бројот на жители.

4. - еПолска 15,448 жители. Минатата недела имаше 15,532.

5. - еБугарија 15,314 жители. Минатата недела еБугарија имаше 14,413.

6. - еУнгарија 15,119 жители. Минатата недела не беше меѓу најбројните држави, а зголемената популација се должи на освоените територии во еРоманија.

7. - еМакедонија 14,480 жители. Изминатава недела имавме 13,771 жители и повторно сме на седмото место во еСветот.

Ви благодариме за одвоеното време. Со почит, тимот на Министерство за Информирање