ДИСЦИПЛИНА И ТРЕНИНГ !!!

Day 1,219, 09:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Далибор Смеа Гац

Играјќи ја играта во последните 3 месеци констатирав едно нешто а тоа е :
Дисциплината е на не толку добро ниво, дали е до војската или до тие што командуваат,а без дисциплина и тренинг нема успех.Без тие 2 работи секако и без софистицирана опрема нема успех во било која работа,а најмалку во војувањето.Видете и прочитајте што се случи денес со Црна Гора,се посрамотивме и обрукавме како еРепублика Македонија.
Од некое мое искуство од РЛ во оваа тематика ги укажувам овие нешта,се надевам
и многу од вас ќе се сложат со мене со мојата статија тука во еРепублик.
Значи како и кај легитимните воени единици така и кај паравоените структури,мора да владее ДИСЦИПЛИНА,наредбите ги издава претпоставениот,војникот извршува се разбира доколку се законски наредбите.Ако не постои дисциплина нема резултат
тогаш се друго преминува во самоволие и анархија и работите излегуваат од контрола.

Во РЛ во Република Македонија постојат единици како во АРМ така и во МВР,
во статијата ке ви претставам три воени единици:

-ВОЛЦИ
-ВОЕНА ПОЛИЦИЈА
-РЕНЏЕРИ


ВОЛЦИ
1 Март 1994 година - за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единицата за Специјални Намени позната под името „ВОЛЦИ“.
Намена:

Изведување на специјални операции во мирновременски услови и во услови на конфликт, самостојно и во содејство со други единици на АРМ, во сите земјишни и временски услови, поддршка на надворешната и безбедносната политика на државата со декларирани сили да учествува во изведување на заеднички специјални операции со други коалициски држави за поддршка на мирот и превенција на конфликти и во справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ и од ЕУ.



ВОЕНА ПОЛИЦИЈА
Декларираната чета на Воена Полиција од составот на бВП главно е насочена на исполнување на критериумите според OCC концептот и на понатамошно успешно изведување на задачите при упатување на мисии предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Персоналот е составен од проверени и искусни припадници на единицата, а задачите и предизвиците кои им се поставени секогаш ги извршуваат професионално и ефикасно според пропишаните стандарди. Работата по стандардите на НАТО и примена на процедурите.
Следејќи ги сите норми и критериуми во извршувањето на секојдневните задачи од доменот на обуката, спремни да се соочат со најкомлексни задачи и во најразлични услови, нивната опременост ги прави како модерна и компактна единица според НАТО стандардите.Нивната обука пред се e насочена кон извежбување на постапките на работа на постојана и мобилна контролна точка, патролирање по клучни правци за пријателски сили, пребарување на терен, апсење на барани криминалци, ескортирање на ВИП гости, справување со насилни и ненасилни демонстранти, неутрализација на диверзантско-терористички групи (ДТГ) и изведување на здружени операции со други единици.





РЕНЏЕРИ
Ренџерите се најмлада,но добро обучена,подготвена и спремна единица.
Совладуваат секаков терен, снежни, водени и планински препреки. Изработуваат привремени живеалиша на територија на непријателот во воени услови без да бидат забележани, притоа преживуваат хранејќи се со продуктите што ги нуди природата.
Единицата е формирана на 8 декември 2003 година и е составена од припадници на бившиот извидувачки баталјон, 501 падобрански одред како и дел од "волците и воена полиција.