Старите добри времиња

Day 1,218, 00:48 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

На 21 октомври 2010 се роди едно ново бебе и решија да го крстат Ангел83. За играта дознав неколку месеци пред тоа но еМакедонија ја немаше сеуште на картата на еСветот и затоа не се решив да се вклучам. Кога дознав дека еМакедонија е додадена во играта се приклучив и од тогаш вредно работам и тренирам секој ден без ниеден изгубен ден. На овој ден ме потсети пред се цената на лебот. Во моментот кога се вклучив во играта цената на лебот беше иста како и денешната 0.33 мкд за q1 лебче. Тогаш си работев за плата од некаде 6 мкд тренирав секој ден и се придржував на кажувањата на постарите играчи кои велеа да не се борат младите играчи само да тренираат и да работат се додека не кренат левел. Во тоа време се секавам дека имаше многу весници кои правеа акции со делење на лебчиња оржја и карти за добивање на претплати. Учествував во секоја од нив и во една добив q1 карта за патување. Бидејки сеуште не ми беше баш јасно како оди работата со картите тргнав на пат и тоа замислете во еГрција (демек на одмор). Па потоа имав проблем бидејки немав карта за назад па требаше да работам некој ден таму за да можам да купам карта за назад. Кога се вратив назад веќе почнуваше борбата со еБугарија. Најпрво имавме успеси во борбите зазедовме два региона ни одеше убаво но се до бојкотот на еТурција. Од тогаш не запукаа бугарите и не окупираа целосно. Мислејки дека окупацијата ке биде на подолг рок јас си викам јас за бугари не работам куферите спремни и на пат на север. еСрбија број 1 земја во е светот. Но по брзото ослободување на дел од нашата територија од окупаторот нормално па куферите и назад. Од тогаш сум дома работам тренирам и се борам за еМакедонија и убаво ми е. За целава оваа статија е "цената на лебот" која денес е иста како и 21 октомври 2010 кога се роди новото бебе Ангел83. Ова беше кратка историја за животот на Ангел83 и што му се случуваше во овие неколку месеци играње.