[ОЦМ] Дефанзивни системи и болници, каде има во Македонија, приоритет на битки

Day 1,215, 15:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
ВНИМАНИЕ: Поради честите промени што се случуваат во играта, овој туторијал, како и некои други туторијали во весникот на Министерството за Образование веќе делумно не важат. Некои од информациите во овој туторијал се застарени, па затоа доколку имате некое прашање пишете ни порака. Туторијалот ќе биде изменет, или пак избришан кога ќе биде напишан нов на иста тема.

Почитувани,

Во еРепублик како воени заштити постојат два вида. Едниот од нив е преку дефанзивен систем, а другиот преку болниците.



Дефанзивните системи функцираат така што додаваат инфлуенс на страната која се брани.

За да се изградат дефанзивни системи потребни се камења.

Дефанзивните системи можат да се купат само по предлог на Претседателот и со одобрување од Конгресмените.

Тие се создадени од две компоненти: изглед и ѕидови. Изгледот одредува колку инфлуенс се додава на дефанзивецот, а ѕидовите неговата издржливост.

Видови дефанзивни системи:

Q1 дефанзивните системи траат 1 мини-битка и даваат 10 000 дефанзивни поени
Q2 дефанзивните системи траат 2 мини-битка и даваат 20 000 дефанзивни поени
Q3 дефанзивните системи траат 3 мини-битка и даваат 30 000 дефанзивни поени
Q4 дефанзивните системи траат 4 мини-битка и даваат 40 000 дефанзивни поени
Q5 дефанзивните системи траат 5 мини-битка и даваат 50 000 дефанзивни поени




Болниците функционираат така што го зголемуваат здравјето на војниците кои се бореле.

За да се изградат болници потребни се камења.

Болниците можат да се купат само по предлог на Претседателот и со одобрување од Конгресмените.

Болниците се создадени од две компоненти: кров и ѕидови. Кровот одредува колку пати можи него да го искористи војникот, а ѕидовите го одредуваат максималното вкупно здравје, кое може да се искористи во таа битка.

Видови болници:

Q1 можат да се користат еднаш по војник во битката и даваат вкупно 5 000 здравје пред да исчезнат
Q2 можат да се користат два пати по војник во битката и даваат вкупно 10 000 здравје пред да исчезнат
Q3 можат да се користат три пати по војник во битката и даваат вкупно 15 000 здравје пред да исчезнат
Q4 можат да се користат четири пати по војник во битката и даваат вкупно 10 000 здравје пред да исчезнат
Q5 можат да се користат пет пати по војник во битката и даваат вкупно 25 000 здравје пред да исчезнат



Во Македонија воената заштита се одвива главно преку Државните фирми за дефанзивен систем и болница. Во последно време тоа се поинтензивира, затоа што еМакедонија полека прераснува во силна држава, а со тоа се зголемуваат и заканите, за освојување на нашата држава.

Воена заштитеност на нашите региони (19.03.2011):

- Источна Македонија: 6 x Q4 дефанзивни системи и 2 x Q5 дефанзивни системи; 1 x Q5 болница
- Повардарие: 2 x Q4 дефанзивни системи; 1 x Q5 болница
- Западна Македонија: 1 x Q4 дефанзивен систем
- Западна Србија: нема никаква воена заштита



Исто така голем дел во воената заштита има и правовременото известување на граѓаните за борбите. Затоа битките се одредуваат според приоритет.

Видовите приоритет ги среќаваме во артиклите со воени инструкции во весникот на министерството за одбрана:

Битка со најнизок приоритет:

- Ве советуваме во овие битки да се борите многу ретко и тоа со најслабо оружје. Кој е во можност нека продолжи да ги следи командите и да чека промена.


Битка со низок приоритет:

- Во овие борете се со оружје со слаб квалитет. Кој е во можност нека продолжи да ги следи командите и да чека промена.


Битка со среден приоритет:

- Квалитетот на оружјето го одредувате вие, според вашите финансии.


Битка со висок приоритет:

- Сериозно сватете ги овие битки и не штедете се во борбите. Ваквите битки се од големо значење за нашата држава.


Битка со највисок приоритет:

- Се поставува само кога интересот на нашата држава е директно загрозен. Удирајте со најдоброто оружје кое го имате и не штедете пари.




Се надеваме дека со ова ви помогнавме во разбирањето на воената заштита на еМакедонија. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате сите туторијали. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
STEFANPIPO, Министер во Министерството за Образование


Стручна помош и рецензија:
Cyril of Macedon, Стручен советник во Министерството за Образование

Со почит, Тим на Министерство на Образование
Март 2011


Линковите до другите ОЦМ туторијали, ќе бидат додадени со нов подобар и попрегледен изглед.