Новите промени

Day 1,212, 15:35 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Добра вечер на сите присутни во монетот и сите оние кои ке ја прочитаа оваа статија но и на оние кои нема да ја прочитаат.
Покрај сите статии кои беа напишани и најголем дел од нив се за војната со еИталија јас сакам да напишам нешто во врска со новите промени кои беа направени во ерепублик.
Значи како што веќе сите знаеме направена е една според мене добра промена во играта. Со еден збор се е собрано на едно место, што многу го олеснува движењето низ играта и ја прави поедноставна. Значи сега нема да мора да се вади понуда за жито па потоа од фирмата за леб да ја бараш низ 79 страни за да си ја купиш својата понуда итн... Плус уште една добра работа кој мене лично многу ми се допаѓа е со засега неограничениот капацитет на магацинот. И со самото тоа нема по сто пати на ден да се оди на пазарот па да се купат 20 леба па да ги изедеш па пак да купуваш итн.. Сега едноставно си го јадеш сопствениот леб или си го трошиш сопственото оружје и тоа се прави по многу поедноставен пат за разлика од претходно. За магацинот сега неговиот капацитет е неограничен но тоа ке биде се до 1250 ден по ерепублик календарот значи имаме уште добри 38 дена до тогаш. Потоа што ке измислат админите ке видиме, ама веројатно ке има некоја опција да се купи простор за да можеме да зголемиме капацитетот на истиот но за тоа кога ке дојде време.
Со оваа промена ке се намалат приходите на државата од даноци бидејки ке се продаваат помалку производи односно секој кои што поседува компанија за леб и оружје напрво ке си троши од своите производи за кои не плаќа ништо па потоа ако му остане вишок ке го продава на пазарот но тоа ке биде помала количина. А до пред промените најпрво требаше да се извади понуда за продажба на готов произвот кој е оданочен а потоа при вадење пари од компанијата повторно државата земаше данок. Сега со оваа промена ке се намали овој обрт на сретства а со тоа и на собраниот данок.
Оваа промена ке биде добра за оние кои ке сакаат да напредуваа воено но не и за оние кои сакаат повеке да напредуваат економски (според мене глупост) бидејки сепак целта на играта на крајот на денот е да се биде што појак воено бидејки џабе е да имаш многу пари ако со еден удар правиш 100 инфлуенс. На играчите сега нема да им бидат толку многу неопходи парите. Значи играта ке може да се игра и да се учествува во битки без многу пари. Односно ако имате 2 фирми за жито и една за леб со работење во сите нив ке си прозведете леб за да работите и ке ви остане за војување со што ке си го јакнете воениот ранг а со тоа ке имате поголемо влијание во битките. Доколу работите во друга компанија дневната плата ке ви биде чиста заработувачка. Секако дека овие промени ке имаат влијание и врз цените на пазарот но ке видиме какви. Бидејќи се можни и двете варјанти односно зголемување и намалување на цената (ова пред се го мислам за цената на лебот не на другите производи). Ова би го објаснил со следните аргументи. Првата варијанта е дека ке се намали бројот на производи на пазарот бидејќи менаџерите прво ке си ги употребат своите репроматеријали и готови за себе и своите фирми а потоа тоа што ке остане ке го понудат на пазарот. И поради помалата понуда би било логично да се качат цените. Но тука е вториот дел од приказната односно втората варијана односно ако сите или поголем број на играчи го прават ова (си ги употребуваат своите производи па го продаваат остатокот) тогаш и малата понуда на пазарот ке биде голема бидејки ке нема купувачи на пазарот што би било логично цените да одат надолу. Како ке се одвива ситуацијата на пазарот ке видиме наредните денови.
Зкалучокот би бил дека овие промени се добри и овозможуваат брз и едноставен начин за движење ни играта но пред се можност за побрзо напредување на играчите.
Толку од оваа издание на весникот и можеби некој ке рече овој го тупи со економијата во неговите весници но и самиот наслов на весникот го кажува тоа 😉.