Обраќење на новиот претседател на ВМРО-ВЕП

Day 1,212, 10:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Da zivee Makedonija

Браќа Македонци,

Сакам да ве известам дека според официјалните резултати јас од денеска сум новиот претседател на ВМРО-ВЕП.

Прво сакам да им се заблагодарам на сите оние кои го дадоа својот глас за мене и да им порачам дека не погрешиле. Исто така сакам да му се заблагодарам на Коле од Лерин за досгашното ведење на партијата. На денот на партиските избори имаше неуспешен обид за преземање на партијата со влегување на една цела паравојска со се регрути која масовно гласаше за еден од моите противкадидати. Истиот противкандидат се зачлени во нашата партија пред неполна седмица, значи имавме луѓе од страна кои дојдоа и се обидеа даја преземат партијата. Кога играчи од типот на DDR32 кои никогаш не биле дел од ВМРО-ВЕП ви влегуваат во партијата, јасно е дека овде се слчува нешто чудно. Сите знаеме кој е DDR32. Мене лично ми пречи што играчи сокриминално досие влегуваат во партијата.

Како новоизбран лидер јавно им подавам рака на моите противници, а тие можат да ја прифатат или одбијат, еден од нив веќе jа одби мојата подадена рака. Како лидер ќе се стремам за се-Македонско обединување и работење за подобра, помоќна и посилна еМакедонија. Поради забуните кои ги имаат дел од играчите во врска со сличноста на нашето име од РЖ, сакам да ве информирам дека ние немаме никаква врска со партиите во реалноста. Ние сме виртуелна партија во една игра која има свои патриотски идеали, овде нема ниту еВМРО, ниту еСДСМ. Овде има Македонци кои се овдека за Македонија, а не за некои виртулни партии и фотелии.



Иако само неколку часа сум лидер на ВМРО-ВЕП, веќе почнав со работа и реформи. Денеска официјално формирам Централен Комитет на ВМРО-ВЕП. Исто така сакам да ве известан дека се откажувам од апсолутната моќ која ја има претседателот на партијата се со цел да воведам поголема демократија во играва и моќта му ја остапувам на новоформираниот централен Централниот Комитет. Тој ќе раководи со партија наместо претсеателот и сите одлуки ќе се донесуваат по пат на гласање. Значи на пример јас нема да можам да објавам официјална листа на конгресмани без одобрание од ЦК, или пак да поставам пот-претседатели. Двајца од членовите на комитетот ќе се избираат според нивната способност и активност. Исто така, сите поранешни лидери на партијата кои победиле на регуларен демократски начин ќе бидат членови на комитетот. Значи, ако некој стане претседател бидејќи претходниот претседател поднел остака, истиот не ќе може да биде биде член. Важно е поранешниот претседател да биде избран на регуларни демократски избори. Единствен поранешен претседател кој ги исполнува условите е Коле од Лерин, а исто така јас како сегашен претседател избран на демократски избори ќе членувам во комитетот. Според својата способност, RealMacedonia и SaveAss се исто така членови на ЦК. На членовите на централниот комитет мстото им е загарантирано и не моќе да им се одземе, освен ако сами не си поднесат оставка или за тоа не гласаат 2/3 од членовите на комитетот. ЦК ќе се состане во текот на денешниот ден и ќе одлучува за иднинаа на партијата, за избор на потпретседатели, за изгласување статут итн.





Искрено Ваш,
Da zivee Makedonija