ХРАБРО ВО ПОХОД ЗА ИТАЛИЈА !

Day 1,209, 15:48 Published in North Macedonia North Macedonia by BakjorMK


Ве повикувам сите на поголема можна активност затоа што неколку недели ќе има активна борба со Италија, која се очекува да почне.Уште од денес знајте дека имате важна и сериозна задача и одговорност за македонските резултати во војната па затоа од вас барам да ја покажете нашата вистинска сила (набилдана од новите играчи од Јануари)која што треба да ја надмине рекордната штета од 14 милиони.

Не сакам да ве форсирам но самите ќе утврдите дали има потреба од удирање во зависност од големината на ѕидот претежно во последните 5 минути од секоја рунда.Помош за удар можете да добиете од наредбите на министерството за одбрана и на македонскиот чат каде се вршат организирани удари и каде потребна е максимална дисциплина за време на ударите.

http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=irc.rizon.net

Исто така треба да се смета на издржливост, несмеете да се исцедите одма и наредниот ден да неможете да работите со 100 енергија со тоа што ќе нанесете штета на економијата.Се препорачува за помалите играчи да трењираат со бустерот од 50% за да стекнат поголема сила и да се учленат во некои од паравоените академии.

Кој не се преселил во Западна Србија нека го направи тоа веднаш со тоа што ќе не заштити од евентуално дигање на востание(за кое ќе бидат потребни многу голд доколку имаме побројно население во тој регион) од страна на илалјанците кои наскоро ќе се соочат со нашите багери 🙂

Што се однесува за новиве измени и воведување на нова зграда , складиште, кое ви овозможува поголем простор за чување на залиха(од секоја фирма) која што се наога само во тој објект од каде исто така се врши целиот платен промет.Истовремено го имате целиот капитал(износ на пари)од сите фирми и збирот на секаков ресурс или производ.Во складиштето неможе да се чува оружје како до сега во организација па затоа кога ќе удирате ставете го оружјето на продажба по висока цена со тоа што ќе го склоните и нема да го потрошите во битката.

Глас + Претплата!