Ефектите од новите измени во еРепублик

Day 1,208, 06:20 Published in North Macedonia North Macedonia by piplz


Весникот Култура (Cool-tura) ве води на нова тура низ случувањата во еРепублик


Драги мои еМакедонци и еМакедонки ова е првата статија од мојот весник Cool-tura, па затоа воте и суб би било пожелно за да ме подгурнете малце, а доколку ви се допадне статијата и по еден шаут не би било на одмет. Доколку не направите ништо од горенаведеното ќе ве ловам сите до последен .


Во првиот број ќе ги анализирам последните две промени кои администраторите ги воведоа во играта, а кои можеби без забележително, но упорно си копкаат во дупката и ја постигнуваат својата цел. Ефектите ќе ги разгледувам од перспектива на средната класа, во која и јас припаѓам, но голем дел од нив важат и за земјопоседниците и за бебињата со меѓусебни разлики. Единствено не важат за олигарсите, за нив едноставно ништо не важи .


Верувам дека сите ги знаеме причините како дојде до покачување на цената на златото со воведување на новиот модул за фирми и извлекувањето на златото од народот, преголема конкуренција, општо осиромашување итн. Но веројатно малкумина знаат зошто еСемоќниот толку се труди за повторно таа цена да ја снижи.

За таа цел на ден 1203 беа воведени две промени. Една со краткорочно и една со долгорочно дејство, а чија цел е заедничка т.е. намалување на разликата помеѓу златото и домашната валута.

Тоа се:
1. Новите мисии;

2. Ограничувањето на обртот на средства на монетарниот пазар за еден играч на 10 алтани дневно.



Новите мисии дејствуваат краткорочно, но брзо и ефикасно. Сите побрзаа да ги исполнат (што сепак и јас мислам дека вредат за исполнување), го извадија златото од под перница и го дадоа на монетарниот пазар (Monetary market). Во трката за побрзо да го продадат ја намалуваа цената и таа за нецел ден доживеа пад од стабилни 72.5 денари = 1 злато на 60 денари за 1 злато, што претставува пад од неверојатни 17,2 %.

Во меѓувреме почнува да пали и да се загрева моторот на долгорочната мерка - ограничувањата. Во понеделникот берзанските играчи од претходно слободен пазар удрија во ѕид и тоа го удрија со заврзани раце. Се тоа поради дневните ограничувања. Па оттука нема кој да тргува со златото во количини како порано и вредноста на златото стагнира.

Се поставува прашањето зошто администараторите се одлучија на ваков потег?
Хммм...
- Фирмите немаше да можат долго време да ја издржат економската ситуација. Голем број на компании, па и цели економии беа пред колапс => разочарани граѓани => откажани играчи.

НО ПОВАЖНОТО:
- Златото кое редовно го добиваат играчите (медали, нивоа...) кога ќе се прелееше во денари имаше поголема вредност и можеше да се живее со него. На пример можеше да се купи повеќе храна (цена на злато / цена на леб = број на купени производи): 72,5 / 0,61 = 118,85 леба за еден златник, а истото важеше и за оружје, билети...

Сега цената на златото веќе два-три дена се клати околу 61 денар што значи дека 61 / 0,63 = 96,82 леба за еден златник што претставува 18,5 % намалена куповна моќ на чесниот еГраѓанин како за храна и обувки, така и за оружје за првите линии на фронтот.
Значи за да се надополни старата норма ќе мора да се купува злато од страна, да се трошат РЛ пари, а со тоа се исполнува целта за профит на ерепублик.ком.

Можеби едни од ретките позитивни ефекти од падот на цената на златото без никакви нус појави се поефтините бустери. Поточно доколу заработувате 15 МКД дневно, порано еден 50 % бустер ве чинел отприлика цела плата во денарска противредност, а сега околу 12,2 денари.
Па Македонци доколку можете земајте бустери, никако не седете гладни и не му се грижете. Ја п***ме кон Рим!

И средна класо не заборавајте:
ВИЕ СТЕ МАШИНАТА НАРЕЧЕНА ЕМАКЕДОНИЈА, НИЕ СМЕ И ПОГОНОТ И СПОЈКИТЕ, СЕ ДО ПОСЛЕДЕН ДЕЛ. СО НАС еМАКЕДОНИЈА НЕЗАПИРЛИВО ОДИ КОН ПРОГЕС

Благодарам на сите кои ја прочитаа статијава.
Ваш,
друже уредниче Piplz