Пекари не паничете...Спас нема!!!

Day 1,205, 18:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Cicko Razme

Прашање за „економистите“ на нашата сакана пасија (е-Републик). Како може вештачки да се одржува цената на лебот?
Ќе почнам од почеток...не знам колку од вас се упатени во реалната економија но, економијата на е-Републик, со оглед на тоа дека некои фактори од реалната економија се исклучени, скоро совршено е конституирана да функционира по теркот на реалната економија. Тоа значи дека вештачки не може да се одржува цена на некој производ на долг рок. Земете ги примерите со војните кои ги водевме против е-Бугарија кога имавме скок на цените и до 1 МКД. Единствен начин да се крене цената на лебот е да се створи потрошувачка на веќе постоечкиот леб или да се намали призводниот капацитет на земјата.
Моментално на македонскиот пазар за леб продаваат околу 500 пекари q1 леб. Просечно секој пекара по претпоставка да вади просечно 300 леба. Тоа се вкупно 150000 леба кои даваат по 2 енергија, тоа е 300000 енергија. Поточно 1000 играчи да го искористат дневнот лимит од 300 енергија. А замислете, постојат и q2,q3,q4,q5 компании за храна. И тие исто така произведуваат храна.
Поентата кој сакам да ја постигнам е дека цената сама по себе че се намалува до ниво кога одреден број на претприемачи во овие е-компании нема да можат да го издржат притисокот на ниските цени и ќе се откажат односно, да останат баш толку компании колку има потреба пазарот. Тоа го имам објаснето во претходната моја статија. Но, од тогаш до сега има промени. направивме тренинг војна со Србија што се покажа како катастрофална грешка. Во вакуум периодот од кога нема битка со србија ние немаме сојузници за кои да се бориме затоа што ги изгубивме со тоа што Србија ја прогласивме за природен непријател. Т.Е. немаме пазар каде можеме да ја трошиме нашата храна.
Прочитајте ја претходната моја статија таму има предлог за спас на економијата.

Ви посакува секое добро Чичко Разме!!!
[img]http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcSGqf9FtYIchGDafebkF30oMmO2cxMru6LirsKRoatF4SxmqeeZ[/img]