Нападот врз Србија и новите мисии

Day 1,204, 08:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Пред се сакам да им го честитам празникот на сите еМакедонки.
Среќен 8-ми Март дами, весело да ви помине денов и секој ден да ви е празник 🙂.
Еве од мене за вас еден букет рози 😉.



Сега да преминеме на главното.

Како што веќе сите знаете, добивме нови мисии од админите. Тоа изгледа беа честитки за 8-ми Март за понежниот пол, но покрај нив сите се офајдифме 😃.

Тоа што е најважно кај овие мисии е што бараат од нас да се бориме а бидејќи во моментов немаме МПП со ниедна друга држава освен Турција а Србија ни е природен непријател, денес единствено ни преостанува да се бориме во нападот на Македонија врз Србија.
Нема каде, па удри по Србите 😃.

Проблемот е во тоа што Македонија во оваа битка ќе удри со голема сила а оваа битка треба да ја изгубиме.
Некои можеби ќе речат дека Србија е силна и има многу МПП-а па нема да им биде тешко на Србите да се одбранат но треба да се земат во предвид сите околности.

Проблем е тоа што и Србите и нивните сојузници ќе сакаат да удрат против нивниот природен непријател, бидејќи тоа го бараат дел од условите во мисиите, и можеби нема да има доволно ударна моќ за да можат воедно да ги исполнуваат мисиите и да се бранат од нас.

За да не дојде до несакана победа на Македонија во оваа битка и да не им правиме проблеми на Србите, предлагам да се бориме по следните правила:

-Да удираме во текот на целата рунда а никако во последните 15 минути.

-Да удриме максимално во првите неколку рунди и доколку е можно да се договориме со Србите да не удираат во тие рунди и да ни ги остават нас да ги добиеме (најверојатно со +90% ) , односно тие да се штедат за да се бранат во наредните битки во кои ние речиси и нема да удираме.


На овој начин ќе им обезбедиме на нашите најверни сојузници лесна победа, со која ќе ја одбранат својата татковина од злобните окупатори (ние 😃).

EDIT: Да потсетам дека доколку добиеме и ние неколку битки ке може и утре да се удара за 15 убиства врз NE!
Да не трошите џабе велнес пакови! (јас завршив и денес но сепак без велнес пак 😉)




HAIL MACEDONIA!
HAIL SERBIA!

Други интересни статии.

Известувања + нови мисии [ Претседател на еМакедонија ]
БИСЕРЧИЊА од македонски играчи
TOP 3 MOST ABSURD MISTAKES IN eMAP(COUNTER ATTACK !!!)
Сериозен проблем (прочитајте) Цената на лебот да биде 0.74
Logičan niz događaja???
Do the missions, then STOP THE WARS!

Ваш, SecamGlavi .

P.S. Знам дека ников ми е глуп, ама барем јас сум паметен 😛.