Министерство За Информирање - Монетарен Маркет

Day 1,203, 14:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добровечер еМакедонци 🙂


Последниве денови имаше повеќе промени во играва.. Некои ненајавени,а некои беа истакнати на форумот.. Овојпат ќе добиете објаснение за промената на монетарен маркет.


Монетарниот пазар и донациите се многу често користени од мал број на измамници за трансфер на пари од незаконски акаунти, големо мнозинство од мулти акаунти ги користеле донациите и монетарниот пазар да перат злато.
- 6,8% од сите граѓани го искористиле монетарниот пазар во последните 90 дена, со цел за купување злато за националната валута
- 4,7% сите граѓани донирале злато во последните 90 дена
- Сите овие граѓани имаат купено / добиено 6,2 Голд, во просек, во последните 90 дена
- Само 0,3% од граѓаните имаат купено или добиено преку донации повеќе од 10 Злато во еден ден



Врз основа на овие факти, лимитот од 10 Злато ќе ги задоволи потребите на 99,7% од граѓаните и ќе го направи мамењето многу потешко..

Бидејќи злоупотребата на златото била значително зголемена админите решиле дека треба да интервенираат..

Објаснување за промената:
- Неможете да купите повеќе од 10 Злато од Монетарен пазар
- Неможете да продадете националната валута за повеќе од 10 Злато
- Неможете да добиете донации повисоки од 10 Злато
- Можете да продадете повеќе од 10 Злато на Монетарен пазар
- Можете да купите националната валута за повеќе од 10 Злато
- Можете да донирате повеќе од 10 злато доколку не е иста личност




Искрено ваши, Тим на Министерство за Информирање