Секоја статија е вредна!

Day 1,199, 12:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonskiot Imperator

Кога некоја статија ќе биде објавена често може одоздола во коментарите да се прочитаат негативни коментари, навреди па дури и да се пријавуваат статиите. Македонското новинарство треба да биде независно, секој да пишува за себе и да си го бара својот профит од статијата, а не како што некој прават гледаат да си наштетат едни на други. Сите знаеме дека со собрани 1000 гласови и претплати се стигнува до медалот кој што носи 5 златници, со самото тоа се придонесува за македонската економија и за подобар животен стандард на еграѓаните на еМакедонија.Затоа предлагам сите,доколку сакаат,да се претплатат на што е можно повеќе весници со што би се подобрило новинарството во еМакедонија, а со самото тоа и економијата. Сите весници кој што сакаат соработка со "eMakedonija 24/7" можат да пишат во приватна порака или во коментар.