Известување

Day 1,199, 09:41 Published in North Macedonia North Macedonia by CounselMacedonian

Известување
Советот на Македонска Фаланга официјално информира дека е забележана злоупотреба на обележјето на единицата (Аватар) , кој што е искористен од следните профили

Mr Nekoj
Mr Nesto
Mr Nikoj
Mr Nisto

за да направат штета на угледот и името на нашата единица со работење во фирми со минимално здравје- камиказирање.

Во ова прилика најодговорно тврдиме, дека еМакедонија е нашиот највисок приоритет, како и успехот и развојот на целокупното еМакедонско Општество и дека ниеден од нашите редовни членови или пак регрути, согласно на принципите на единицата не работи во фирма која припаѓа на некоја друга Македонска паравоена единица или пак кај поединец со намера да наштети а уште помалку да го извалка чистиот образ и име на Македонска Фаланга.
Исто така, како мерка за предупредување на сите работодавци и нивна заштита од вакви несакани делувања на неодговорни поединци, препорака на Советот на Македонска Фаланга е доколку забележат дека некој од нивните вработени носи обележја на Македонска Фаланга ,да контактираат со било кој од членовите на Советот на Македонска Фаланга за да добијат објаснување.
Уште еднаш апелираме до сите еМакедонци, да се воздржат од вакви подли работи, Македонска Фаланга е релативно млада единица која со сигурни чекори , голема пожртвуваност и љубов кон еМакдонија се бори за заслужено место на браниците на нашата држава и доколку сакаат да ни напакостат нас како македонска единица , со намера да направат раздор помеѓу нас и останатите македонски единици само ќе кажеме дека Ти кој што мислиш дека си НЕКОЈ и НЕШТО, си еден изгубен случај на НИКОЈ и НИШТО.

Да живее Македонија!!!
Да живее Македонска Фаланга!!!