Да ги запознаеме еМакедонките!!! -продолжение-

Day 1,198, 11:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Tashkoski

Почитувани читатели

По една долга пауза од месец дена се враќаме назад со акцијата Да ги запознаеме еМакедонките. Имавме доста интересен период изминативе два месеци, војната, окупацијата и ослободувањето. Мислам дека е редно време да се направи мало освежување на медиумскиот простор. Се надевам дека и оваа како и претходните статии ќе привлече големо внимание.

Во претходните 5 изданија имавте прилика да ги запознаете и да дознаете нешто повеќе за Elena88eli, Koteska, Girl from MACEDONIA, EricaZ и Mia Coluci.



Во овој број ви ја претставувам Viki MKD. која е член на паравоената единица МТО.

Нејзиниот досегашен напредок може да ги погледнете на следната слика:



Од мене еден топол поздрав и голема благодарност до сите дами кои секојдневно ни ја прават играва поинтересна со нивното присуство и придонес за нашата заедница.

Да не должам многу следуваат одговорите на Вики.

Нормално без музичка подлога не иде 🙂 Matchbox 20 – Rest Stop

П: Кое е твоето вистинско име, колку години имаш и каде живееш град-населба?
О: Се викам Викторија, имам 20 год. и сум од Штип

П: Кога започна да играш еРепублик?
О: Започнав да играм на 18 Октомври, или точно 134 дена 🙂

П: Најинтересно од оваа игра што те тера и понатаму да продолжиш да играш?
О: Започнав да ја играм играва по барање на мој добар другар, да му бидам реферал. На почеток беше само игра, но со тек на време се задлабочив и ми стана интересна. Ова е виртуелен свет, може да игра кој сака, без разлика на возраст, пол или националност. Овде сите сме исти и сакаме да го постигнеме она што во реалност не можеме. Тука пред сè се дружиме, се забавуваме, запознаваме нови личности, си помагаме меѓусебе, се организираме и сложно ја браниме татковината.

П: Твоите цели во еРепублик?
О: Моја цел, а верувам и на многу други играчи, е да ја покажеме вистинската големина и моќ на нашата Македонија, да напредуваме и јакнеме самите, и да ја одбраниме татковината од секој кој ке посегне по неа.

П: Дали си повикала некоја другарка/пријателка да се приклучи во еЗаедницата?
О: :/ Сум поканила многу мои другарки, но не сакаат... Велат “Ова е машка игра“, но не се сложувам. 😃

П: Најдобар другар/другарка на еРепублик?
О: Во РЖ и во играва Petar Markov MMK и Dimitarboja, и се разбира, цело МТО!

П: Дали си помислила да се откажеш, и која била причината доколку дошло до таков момент?
О: Не би се откажала во ниеден момент, не си Македонец ако се откажеш од Македонија 😉

П: Колку време дневно поминуваш играјќи ја играва?
О: Па зависи од обврските, но дневно поминувам најмалку 3-4 часа.

П: Дали досега дошол некој принц на бел тенк или со бел хеликоптер?
О: Се уште не.... 😃

П: Дали дамите се само поубав или и појак пол, и дали мислиш дека добиваат доволно внимание?
О: Можам да кажам дека се и двете... Барем ние, Темпларките, ни нема рамни :р
И тука морам да ги поздравам Dance Kovacevska, Kris. S и Kirijana.

П: Поради што се приклучи на паравоената единица МТО?
О: Се приклучив по иницијатива и барање на Aminta Makedonecot, секако не можев да одбијам понуда од најдобрата паравоена едница. 🙂

П: Нешто што треба да се промени за да се подобри ситуацијата во државата?
О: Повеќе слога и организација помеѓу сите Македонци.. Тоа е најважно за да продолжиме понатаму со успеси.
А моментално ни треба војна!! :р

П: Дали би присуствувала на следниот еРеп собир?
О: Па би сакала, зошто да не. Убаво е да запознаеш луѓе со исти цели.

П: Опиши се себеси во неколку збора!
О: Хмм.. Тешко прашање 😃 оставам на тие што ме знаат нека напишат.. 😉

П: Работиш, учиш или студираш?
О: Студирам на факултетот за медицински науки – општа медицина во Штип.

П: Кој ти е омилен пијалок?
О: Коњак 😃

П: Дали можеме да те сретнеме во кујна како готвиш, и што најдобро спремаш?
О: Во кујна... Се случува понекогаш, кога имам повеќе време и друштво за готвење :Р
А најдобро... Пици 😃

П: Омилен тип на музика?
О: Од музика слушам се, зависи од расположение
Најмногу сакам рок балади...

П: Дали преферираш да прочиташ добра книга или да изгледаш добар филм, и би те замолил за една препорака за останатите што да прочитаат или да изгледаат?
О: Моментално читам книга, “Моќта на потсвеста“ и многу е добра, би ја препорачала на сите.. А филмче, само во добро друштво 😉

П: Омилено место за релаксација и забава?
О: Место за релаксација само дома, а за забава еве нека биде Angels Café.

П: По кој кафиќи излеваш?
О: Кога станува збор за излегување, се гледа тоа да биде Среда, на студентска.
Прво во Jezz Art Club – на добар рок, а потоа во Discotheque Cabare.

П: Како го искористуваш твоето слободно време?
О: Слободно време... Ретко се наоѓа, и гледам да го поминам дома, или во дружење со пријателите.

П: Нешто за еМакедонките кои играат еРепублик?
О: Хмм... Пошто добро ги знам моите колешки – темпларки, можам слободно да кажам дека им нема рамен кога ке намислат нешто 😃 Упорноста победува се и е најбитна за успех. Затоа напред женски! :Р

П: Што би им препорачала на македонските играчи?
О: На сите играчи ке им препорачам да бидат сложни и фер, тука сите сме еднакви. Сите да се бориме за подобра Македонија и да го вратиме она што е наше! Најважно е дружењето, а другото со тек на време ке си дојде.. 😉

П: Дали би сакала да слушнеш што некои играчи мислат за тебе и кои се тие?
О: Па зошто да не.. Ако има некој да каже нешто нека повели.. Имам само 5-6 тенка, ништо страшно, слободно кажете си 😃

П: Нешто што не те прашав а сакаш да кажеш?
О: Само едно: .†.†.† ... Верба во Бог, Македонец до гроб! ... †.†.†.

Доколку имате некои предлози што би требало да ги прашаме нашите прекрасни дами а нешто да се отстрани слободно предложете во коментари подоле или во ПМ.
А ако ви се допадна статијава гласајте ја да дојде до топ 5 како и претходните со цел повеќе луѓе да ја прочитаат и да ги запознаат нашите прекрасни Македонки.

Ваш Мартин Ташкоски