Железо од Западна Србија [ Претседател ]

Day 1,196, 14:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje



Поздрав еМакедонци,


Со нетрпение чекав неколку дена да ја напишам оваа статија и ете дојде денот и за тоа. Имено, вечерва пред Вас ќе го образложам планот за изнајмување регион со железо во еСрбија.


Неодамна разговаравме со српскиот Претседател и тој покажа апсолутно волја за соработка и подготвеност да ни помогнат. Регионот Западна Србија е богат со железо и тоа ќе биде одличен стимул за нашата економија. Додатно, ќе имаме и “Природен непријател” и самата војна ќе ни ја раздвижи економијата.




Очекувајте наскоро да пуштам закон за НЕ со Србија. Се разбира очекувам конгресмените едногласно да го поддржат. Некаде задутре (Среда) би требало да тргнеме со напад. Правете резерви во меѓувреме кој колку може.


ОГРОМНА благодарност до еСрбија! Оваа помош нема никогаш да им ја заборави еМакедонскиот народ! Нашето пријателство е се посилно и тие ни помагаат да прераснеме во силна еДржава. За возврат – ќе добијат верен Сојузник!


Со почит,
Струмјанин


ПС. Ве молам сите во коментар – HAIL SRBIJA ! Да ја покажеме нашата благодарност!