Вести од еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,196, 13:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Изминатава недела во еСветот беше бурно, посебно на дипломатски план.
На глобално ниво се случија и тоа како чудни работи. Се менуваат страните во eСветот, сојузите и тн.

Новите алијанси НВО и Панам со сите сили вршат дипломатски притисок врз одредени држави за приклучување кон нив, па со самото тоа изминатава недела многу држави кои беа сојузници предходно, станаа непријатели.

Во сите овие активности на алијансите, нас дефинитивно највеќе не интересира случувањето во алијансата НВО. Имено нашиот најверен сојузник еСрбија деновиве дипломатската активност ја насочија кон можното приклучување на Грција во НВО но веќе знаете околу проблемите со Македонија и Турција. Сепак со самото тоа што еГрција и еШпанија потпишаа алијанса се чини дека е означен почетокот на приклучувањето на Грција кон НВО.

Интересно за нас е и случувањето околу нашиот сојузник еИндонезија. Имено еИндонезија постојано настојуваше да биде неутрална, но таа неутралност се наруши откако нашиот сујузник одлучи да потпише МПП со еБразил. Сепак по овој потез индонезискиот претседател напомена дека еИндонезија не одбрале страна, туку само сакаат да и помогнат на државата (еБразил) со која од секогаш имале добри односи. Како ова ќе се одрази врз односите со противниците на еБразил и ПАНАМ алијансата особено што целта на НВО е да остане во Јужна Америка преку териториите на еШпанија останува да покаже времето.

Инаку на дипломатски план најголема победа изминатава недела се чини извојува еТурција. Голем број на турски играчи во изминатиот период се преселија во еАмерика, па на последните конгресменски избори освија голем број на конгресменски места во еАмеричкиот конгрес, што сигурно е голема дипломатска победа за нив ако се знае тоа дека еАмерика е сојузник со еГрција.

Покрај се најизмешана е ситуации во Источна Европа. Со одлуката на еРусија да потпише МПП со еАргентина и со еАмерика и приклучувањето кон Алијансата Панам, во Источна Европа секој ден се случува по некоја чудна ситуација. Најчудно е тоа што еРусија денес потпишуваат МПП со еГрција, при што грција продолжува да седи на две столчиња.

Да преминеме кај нашиот сојузник, да ја објасниме ситуацијата на еСрбија. Со оглед на благите измени во договорот помеѓу еСрбија и еВелика Британија напредувањето на нашите сојузници се одвива според планот, иако островјаните минатава недела се бранеа со сите сили и покрај тоа што според планот помеѓу двете држави битките треба да ги добие еСрбија. Токму поради тоа и владата на еВелика Британија на неколку наврати апелираше еБританците да не маваат со сета сила, па работите се вратија на место. Потсетуваме, финалниот план на еСрбија е привремено “Изнајмување” на регионите (Yorkshire & Humberside и Eest of Englend).

Како што веќе знаете еТурција иако веќе може да се каже дека ја смени алијансата остана верен сојузник на еМакедонија. Изминатава недела конечно по подолг временски период успеаа да ослободат територија, па паралелно со востанија и напад над еГрција почнаа полека но сигурно да ослободуваат делови парче по парче. еТурција имаше ослободено три територии, но сепак вчера изгубија една па сега имаат само две ослободени територии. Денес еТурците дигнаа востание и во областа Aegean Coast of Turkey.

ИНФОРМАЦИИ :

Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):

Во оваа категорија еБразил е лидер и тоа убедливо. Оваа недела имаше и најголеми бејби-бумови во еБразил. Минатата недела еБразил имаше 22,285 жители, додека сега има 3,000 повеќе.

1. - Бразил 25,830 жители. Минатата недела еБразил имаше 25,046 при што е забележан сосема мал раст.

2. - еАмерика 20,596 жители. Минатата недела имаше 20,060.

3. - еСрбија 17,852 жители. Минатата недела еСрбија имаше 18,634.

4. - еБугарија 17,578 жители. Минатата недела еБугарија имаше 18,445.

5. - еПолска 17,442 жители. Минатата недела имаше 16,897.

6. -еГрција 17,228 жители. Минатата недела имаше 20,735, при што за оваа недела е рекордер по опаѓање на бројот на жители, благодарение на ослободените територии на еТурција.

7. - еРусија 14,225 жители при што е рекордер за минатата недела во зголемување на бројот на жители.

8. - еМакедонија 13,350. Изминатава недела забележавме мал пад на населението, изминатиот понеделник еМакедонија имаше 14.097 жители.


Со почит, Министерство за информирање

(Јовица)