Дипломатски игри без граници [ Претседател ]

Day 1,196, 04:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin

Почитувани,


На почетокот од последната недела од мојот мандат, сакам да фрлам светло на дипломатските активности кои досега беа задржани малку повеќе во тајност.


Основна цел во надворешната политика на мојата администрација беше и останува NWO.


Меѓутоа, тука против нас беше водена војна на нерви и мислам дека истата уште трае. Дозволете ми да објаснам.


Наш апсолутен подржувач во NWO секако е Србија. На исто ниво е и Унгарија. NWO (кој патем речено уште официјално не постои) има уште две членки Шпанија и Полска. Покрај со Србија и Унгарија, ние во моментот имаме договори со Индонезија, Словенија и Турција. Се разбира, официјално тежнееме кон потпишување на Договори со Шпанија и Полска.

Нашиот тим од Надворешни работи и јас уште на старт контактиравме со Шпанија и Полска. Сите разговори се водат на фин и коректен начин. Е сега, човек редно е да се праша, ако толку добро комуницираме со нив, зошто немаме МПП со нив? Одговорот (кое дежаву ми е ова од РЛ) е нашиот драг сосед – еГрција.


Имено, еГрција во моментот седи на три стола. Задникот им е во ЕДЕН, рацете им се во ПАНАМ, а гледаат во NWO. Значи тие официјално се членка во ЕДЕН, имаат МПП со Америка (ПАНАМ), а декларираат дека сакаат да членуваат во NWO.


Заради нивната блискост со Полска и Шпанија, тие им велат дека би сакале да се вклучат во NWO, но и истовремено ги уценуваат да не потпишуваат договори со нас.


Целта на Грците е нас да не’ извадат од идниот NWO. Затоа прво пуштија абер дека тие не би имале проблем со тоа да бидат во ист сојуз со нас. И топката со тоа си мислеа дека ја пуштија кај нас, и ме викнаа мене на канал заедно со Шпанците и Полјаците, демек и ние да си кажеме. Грчката цел беше јасна – тие да се покажат како фер луѓе, демек тие не се националисти, а ние сме. Тие се надеваа јас да бидам увреѓен и да речам: “Само мртви во ист сојуз со Грција!” и со тоа фино лепо ние да испаднеме националистичките будали и да излеземе од сојузот. Мојот одговор беше: “Ако ним нема да им смета, и на нас не ни смета, се разбира под следниве услови 1) нашето име е неприкосновено и членките на сојузот ќе го користат нашето име и 2) неутралитет со Грција, без да се потпишува договор.”


И заврши тој фамозен состанок и демек се е во ред, ние чекаме да ни пуштат Договори Шпанија и Полска. Јас знаев дека нема да дојдат тие Договори, бидејќи мојот одговор не им беше по ќеиф на Грците – тие очекуваа јас поинаку да се поставам. Но, со тоа, топката ја вратив кај нив. Чекаме ден, два... недела дена (во моментот се случи иницијатива за импич на Полскиот претседател и мораше да се смират страстите таму). И прашуваме ние : “Што бидна? Па ете нели прифативме Грците да се во ист Сојуз? Кај се договорите?” – и тука веќе немаше каде, ни признаа дека Грција ги уценува дека ако потпишат со нас, тие ќе потпишеле со нивните непријатели. И пак настана пат ситуација...


Тоа е моменталната ситуација. Бидете мирни и итри (ко вашиот Претседател) 😛 Не брзајте со никаква реакција. Викајте ХАИЛ NWO и чекајте смирено. Да ги пуштиме Грците прво да ги предадат Бугарите и Американците – две земји кои толку многу им помогнаа. Сега одеднаш Грција сака да е сојузник на Србија. И ние сега сме као третиот во креветот?! Е нема да не извадат така лесно, и ние ќе дупиме 🙂 Само јужниве нека изберат Претседателка...


Србија и Унгарија се со нас. Во тоа немаме сомнеж. А каде ќе оди Грција – нека ТИЕ го направат првиот чекор.


Со почит,
Струмјанин

ПС. Издавам од личниот весник бидејќи имам над 3000 претплати од кои еден дел верувам дека се во соседна Бугарија. Сакам и таму да видат како игра нивниот драг сојузник Грција.