[Панче] Да им помогнеме да работниците со помала енергија. ДОНИРАЈТЕ ЛЕПЧЕ

Day 1,195, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by PeroRak
Здраво еМакедонци,

Пред некоe време читајќи некаде по статииеве сретнав една статија на Министерството за здравство која ме наведe да го дадам следниов предлог.

Донирам по 20 лепчиња на играчи кои реално не се во можност самостојно да си го покачат здравјето. Како возврат и благодарност би сакал играчите да се вработат во некоја од моите компании и да работат минимум 3 дена за нормални плати определени според моменталниот пазар на труд.

Ве молам пратете ми приватна порака за да можеме да се договориме.

Акцијата почнува од утре.


Мислам дека овој предлог би бил од взаемен корист и на работниците и на работодавците, а пред се ова ќе придонесе за намалување на бројот на камикази во еМакедонија.

Би сакал и другите менаџери на компании да ја подржат ваквата акција.

Свесен сум дека на овој предлог ќе се јават и голем дел на профитери, но свесно влегувам во овој ризик. Се надевам дека во еМакедонија има повеќе чесни луѓе.

Искрено се надевам на поддршка и голем одзив.

Бидете ми еПоздравени,
Панче

П.С Ве молам за глас и претплата ако се согласувате со мене и ако сакате да учествувате во акцијата.