Првиот број на Бојанови размисли

Day 1,195, 02:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Nenad Komitata

Здраво, накратко ќе ги наведам моите цели на весникот и ќе ве запознаам со се што ќе може во иднина да прочитате во весникот Бојанови размисли.

Најпрво да нагласам дека силно стојам зад првата политичка партија „Обединета е Македонија“ и сум за тоа да во еМакедонија да постои само таа партија. Другите партии ги сметам за штетни за нашето опшество. Главна причина за ова мое мислење е зошто сметам дека плуларизмот носи само подигање на личните интереси на повеќе членови одколку интересите на нашето опшество. Тоа и се покажа со последните избори каде беа делени разноразни продукти за гласови. За сметам дека останатите две партии направија а и во иднина ќе прават штета на нашето опшество.

Второ нешто кое ќе се базира овој весник ќе биде реални размисли за тоа како да се води внатрешната и надворешната политика од страна на нашите избрани конгресмени и прецедатели, во оваа смисла ќе може да прочитате оштри критики но и силни подршки за определени работи кои се случуваат и ќе се случуваат во иднина.

Трето ќе се залагам за несебична и помош и солидарност помеѓу сите членови на еМакедонија помагање во разноразни мисии организирање на паравоените формации и организиран напад и одбрана на сите членови на еМакедонија.

Ги поздравувам сите мои виртуални пријатели и ве уверувам дека тука никогаш нема да има разноразни глупости како во повеќето македонски весници.

И секако ве замолувам за глас и претплата!