[еВЕСНИК] Менџери на ФИРМИ

Day 1,193, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan aKa T-MaC

Во оваа моја прва статија добив инспирација или револт од нашите споственици на фирма а не политички партии 🙂
Но пред да почнам да ви се преставам во мојата прва објава
Бојан Илиев 24години Велес
дипломиран економист ( во потрага по работа во Реалниот свет 🙂 )

-револт ми се јави кај сопствениците на фирма а не денешните избори 🙂 Фирмите за оружје кој таман дојде до стабилизација на пазарот за рекордно време од 12h од Q1 оружјето од 8мкд успееа да го намалат до под 6мкд. Но се однесува за сите сопственици па ве молам за мало внимание

1. Сопственици на човек Фирма - Вие го имате најголемиот удел на варијација на пазарот. Вие немате никакви трошкови кон вработени и кон ресурси и вас ви е единствена цел да ги продадете вашите ресурси па макар за тоа и би имале и 1мкд профит. Но запрашајте се само што добивате од тој 1 денар или нека бидат 10денари добивка при вадењ на вашите пари од фирмите вие сте должни да платите данок на добивка и на извадени 100ден губите 13ден значи имате 87денари добивка . За тие 10дена што сте работеле вие ке имате профит од 1,25goold па пресметајте колку време ќе ви виде потребно да ги одплатите вашите фирми кои сте ги отворили или купиле од пазарот. А да воспоставите баланс на цените и во случај тие пари да не ви се потреби итно, може да земете дупла заработувачка со мало трпени.

2. Сопственици на фирма ( со вработени работници ) - претежно ми е жално да гледам како некои се труди да дојде до бројката 10 вработени за да добие максимум од својата фирма. Прито нудат високи плати , продаваат по ниски цени своите производи или ресурси и немаат никаков профит и истите за период од 3-4 дена ги гледаме на пазарот за фирма како се нудат за помалце од 10gold . Мои драги менаџери не подлегнувајте на цените кои ги ставаат сопствениците на човек фирма и при намалување на цените на вашите производи намалувајте по минимална цена од 0.01мкд. Купувачите секако ќе го купат вашиот производ а со самото тоа добивате поголем профит поголем број на вработени во фирмите и побрзо врајќање на вашето злато во фирмите

3. Лојална Конкуренција

- Мои еГраѓани кои спаѓате во едната или другата група на сопственици треба да имате почит спрема вашите конкуренти или таканаречени пазрни противници. Лојална конкуренција во нашава игра еве што преставува -доколку еден производ се продава со цена од 6мкд вие ставете ја истата цена од 6мкд па нека купувачот одлучи од кај ќе купи. За тие што немаат трпение и нивниот производ сакаат дабиде на врвот од листата на производи не ја нарушувајте динамиката на пазарот намалете го производот за 0,01мкд. Купувачот ќе ја купи најниската цена, а со намалување на 0,30ден доаѓа до драстичен пад на цената и остатокот од менаџерите почнуваат да ја следат таа цена затоа внимателно на пазарот. Самата слика ви говори како не треба да се тргува


4. Монетарна политика - за крај мал осврт на нашата валута во однос на златото. Имаме една од појаките валути во еСветот кои се предностите а кои слабосите кои мора да се обрне внимание доколку сакаме да останеме на врвот.


Прво да направиме споредба на топ 7 држљви и нивните валути
1 GOLD = 79.9 RSD - Србија
1 GOLD = 71.198 PLN - Полска
1 GOLD = 88.5 HUF - Унгарија
1 GOLD = 81.6 RON - Романија
1 GOLD = 72.8 ESP - Шпанија
1 GOLD = 90.95 GRD - Грција
1 GOLD = 95.29 USD - Сад

-Нашата валута на пазарот е 1 GOLD = 71.699 MKD што сами гледате како ние котираме во водечките берзи. Но самото тоа што имаме јака валута и ефтин пазар а скапа работна сила има доста доселеници или азиланти кои доаѓаат тука и за кратко време доаѓаат до златници по само неколку дена работа.
Битно е да извезуваме наши производи настрана и да го црпиме колку што е можно нивното злато да се донесе во нашата држава односно во Narodna Banka na Makedonija



Бидете ми поздравени и останете со 100 здравје