мајко мила... па нели ви е срам?

Day 1,192, 18:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O

Ај една кратка статија пред да почнам да хрчам...

Еднаш, не многу одамна и не многу далеку во едно село мирно си живееле еден куп луѓе. Процентуално тој куп бил прилично глуп, бар едно 70%, а најверојатно и туп.

Селаните фино си живееле и сите иделе у иста крчма. Е сеа крчма ко крчма морала да има газда, следователно би газда. Нормално не се сите задоволни со ситуацијата, коа го виделе газдава со порше како им шета по нивите сакале и они да станат газди, па се собрале група селани и отвориле крчма на другиот крај на селото.



Виделе не виделе овие поновиве немајќи муштерии почнале да ги кршат џамовите на старата крчма, другиве не седеле мирно, земале вилитe и мотиките и ја срушиле цела новата крчма.

Крајот не е тука, од негде излегол молотов коктел, селаните се претвориле во милитиа, отвориле оган по друигите и си ги истуриле малите мозоци на секаде по патчињата на селото, ги запалиле крчмите, се испоклале док не им се виделе сите ганглии во главата.

И така фино они се забавувале таа вечер.



Утредента, нормалните 30% тргнале да одат да се напијат кајсиовача у крчма, ама нашле само куп мртви тела, а крчмите изгорени до темел.
Се намрштиле и си рекле меѓу себе : Па бива ли бе ни криви ни дужни да ги трпиме цело време за на крај без ракија да останеме ?



п.с. ова највеќе ме изнасмеа, пази ситуација :
да плукаш цел век по некого дека ги краде парите од државата а во исто време да плаќаш данок и да стоиш на фактот дека тие што не плаќаат се нешто таму што знам, анти-патриоти.

ПА ДОБРО БРЕ, ТВРДИШ ДЕКА ПЛАЌАШ ДАНОК ВО ИСТО ВРЕМЕ КОГА ТВРДИШ ДЕКА НЕКОЈ ГО КРАДЕ ТОЈ ДАНОК!
(и после јас сум бил офцата што не се замарам со голдот или со тоа кој е на власт, ццц)

ја стварно не сум сретнал вакво нешто до сеа, значи да не бранам ни едни ни други, кој лажел кој крадел, ама вие озбилни сте ?



па и не испадна кратка у неповрат...