За некои мајка ,за некои маќеа...!

Day 1,191, 17:08 Published in North Macedonia North Macedonia by WildSideMKD


Почитувани МАКЕДОНЦИ

Како што ми тргна денес со статиите ова ми е втора фиктивно, но трета фактички, бидејќи мојата претходна статија беше репортирана од страна на НЕКОЈ и тргната од eRepublik. Видно сум револтиран (иако бев свесен за последиците и за реакциите на статијата) но моето задоволство е преголемо(иако статијата не стигна до голем број на луѓе). Но продолжуваме напред и гордо не дозолувајќи да бидеме сопрени а уште помалку да им го овозможиме задоволството да ни ја паднат гордоста и љубовта кон нашата МАКЕДОНИЈА а воедно и еМАКЕДОНИЈА.



Се прашувам која е целта да се пишуваат статии, доколку секоја статија може да биде пријавена од страна на било кој и притоа да се подлегнува на рестрикции и казнувања или уште повеќе зашто ни овозможуваат да имаме свој весник во кој не можеме да се искажеме слободно (или пак некои можат а некои не , чудно ама вистинито). Не можам ни да сватам која е идејата сите да пишуваме туторијали за играта кога веќе и премногу ги има , и сите да се повторуваме во нашите статии повторно и повторно (има министерства кои се задолжени за тоа и добро си ја вршат работата, од моја гледна точка), исто така и обајвувања на огласи за вработување во статии кога во самата игра има можност за тоа и фукционира безпрекорно (се извинувам кон тие кој се пронаоѓаат во ова , но за мене е безсмислено).

Можеби јас не ја сваќам правата идеја на весникот и ве молам дадете ми забелешки во поглед на тоа и просветлете ме .

Искрено ваш WildsideMKD
Македонија Вечна и останете ми со здравје ПОЧИТУВАНИ еМАКЕДОНЦИ




Доколку ви се допаѓа ова размислување глас и претплата , Благодарам.