Вести од еСветот [Мин. за Информирање]

Day 1,189, 09:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Вести од еСветот

Изминатава недела немаше особено важни вести од е-Светот, кога во прашање се интересите на еМакедонија.
Сепак на глобално ниво се случија и тоа како чудни работи. Се менуваат страните во eСветот како од шала.

Романија, Русија, Украина, Молдавија и Унгарија ја направија ситуации во Источна Европа уште покомплицирана, отколку што беше предходно, а и тогаш беше доста комплицирана. Русија е водич во чудната политика на овој дел од еСветот. Попишаа МПП со Аргентина, но и верували или не со еАмерика, додека Украина ја прогласија за природен непријател. Крајната цел на Русија е да се приклучи на Алијансата Панам.

Да преминеме кај нашите сојузници, да ја објасниме ситуацијата на еСрбија.
еСрбија имаше склучено договор со еВелика Британија, но кога на власт беше веќе поранешниот претседател на еВелика Британија. Имено според договорот еСрбија требаше да ги “Изнајми” регионите (Yorkshire & Humberside и Eest of Englend). Сепак во неделава што измина поради големиот притисок од САД, англиските конгресмени станаа неодлучни, па еСрбите решија планот да го остават за во подобри времиња. Интересно е тоа што се почесто во еСрбија се спомнува опцијата на Америчкиот континент да се премине преку еБелгија или еФранција. Останува времето да покаже што навистина ќе се случи.

еСловенија не е веќе во војна со еХрватска поради тоа што веќе не граничат помеѓу себе. Што се однесува до војната против еИталија последнава недела се почесто се шпекулира со потпишување на мир помеѓу еСловенија и еИталија, па доколку тоа се случи, сигурно еСловенците ќе можат да си ги повратат изгубените територии. Најново околу еСловенија е тоа што и објавија војна на еСловачка.

Активни војни на Светско ниво:

Финска – Естонија
Словачка – Германија
Словенија - Словачка
Канада – Ирска
Бугарија – Индија
Украина – Русија
Хрватска – Србија
Шведска – Литванија
Словенија – Италија
Романија – Унгарија
Франција – Белгија
Бугарија – Иран
Полска – Мексико
Велика Британија – Србија
Полска – Германија
Латвија – Естонија
САД – Мексико
Индија – Пакистан
Аргентина – Перу
Јужна Кореа – Јапонија
Републија Кина (Тајван) – Јужна Кореа
Филипини – Индонезија
Јужна Африка – Уругвај
Кина – Северна Кореа
Перу – Бразил
Нов Зеланд - Чиле

Напомена – Со дебели букви се државите кои моментално имаат предност во војните. Онаму каде што нема дебели букви на ниедна страна, тогаш војната е изедначена.


ЕКОНОМИЈА на светско ниво:

Кога во прашање е економијата, таа минатата недела беше во сенка на политичките случувања на светско ниво.
По последните промени што ги воведоа админите, целиот свет се соочуваше со крах на економски план. Буквално сите земји беа зафатени од него. Зборуваме во минато време, не поради тоа што сега се е под конец, туку поради фактот што конечно се забележуваат нови ветришта во економијата.
Житото, лебот, оружјето, железото и останатите продукти полаке но сигурно си ја враќаат својата цена, па затоа платите, полека но сигурно почнаа да растат во последно време.

ИНФОРМАЦИИ:

Најдобри еДржави според искуствени поени ( experience points ):

1. Србија - Искуствени поени-25,421,942
Просечни искуствени поени-1,294

2. Полска - Искуствени поени-20,496,196
Просечни искуствени поени-1,124

3. Унгарија - Искуствени поени-19,834,675
Просечни искуствени поени 1,865

4. Романија - Искуствени поени-15,078,934
Просечни искуствени поени-1,706

5. Шпанија - Искуствени поени-13,949,857
Просечни искуствени поени-1,297

..........................

17. МАКЕДОНИЈА – Искуствени поени - 3,989,755 254
Просечни искуствени поени-254



Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):

Во оваа категорија еБразил е лидер и тоа убедливо. Оваа недела имаше и најголеми бејби-бумови во еБразил. Минатата недела еБразил имаше 22,285 жители, додека сега има 3,000 повеќе.

1. -Бразил - 25,046

2. Грција - 20,735 (Опаѓање на број на жители за разлика од минатата недела кога имаше 21,743 жители)

3. -САД - 20,060 (Минатата недела имаше 19,292 жители)

4. -Србија - 18,634 (Минатата недела еСрбија имаше 18,629 жители)

5. -Бугарија - 18,445 (Минатата недела имаше 18,154 жители)
6. - Полска – 16,897 (минатата недела имаше 17,078 жители)

7. - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 14,097 (Изминатава недела забележавме мал пад на населението, изминатиот понеделник еМакедонија имаше 14,165 жители).


Со почит, тим од Министерство за Информирање

(Јовица)