Кандидатура за конгресмен на еМакедонија!!!

Day 1,189, 01:35 Published in North Macedonia North Macedonia by iksimkd



Здраво еМакедонијо! И еве додека повеќето од твоите жители спијат јас во 9:30ч сабајле ја пишувам мојата кандидатура за твој конгресмен. Сепак, за еМакедонија се работи!


Епа вака значи, јас сум iksimkd. Одамна сум еЖител ( се родив некаде пред 2 години ) но поради некои недоразбирање и огромно незадоволство од моја и од страна на моите блиски пријатели и другари пред неколку месеци се откажавме од играње во Новиот Свет. Тоа се случи поради неправедната политика на админите кон нас, играчите од Македонија, кои и покрај напорите што тогаш ги правевме не сакаа да ни те дадат тебе, односно еМакедонија.

Мојата пауза трееше неколку месеци, ако добро се сеќавам некаде околу 6-7 месеци а можеби и повеќе не сум сигурен.

Од репортажата на Македонската Телевизија "Сител" дознав дека ти си додадена во Новиот Свет од пред 3-4 месеци, но иако сеуште бебе тебе те напаѓаа душманите.

По ова неможев да оставам рамнодушен и веднаш се стрчав кон компјутерот со овојпат многу поогромна желба од претходниот пат да се вратам назад во игра и да бидам дел од тебе.

И еве ме сега, некаде 40 дена по моето повторно враќање во игра решив да се кандидирам за конгресмен во твојот парламент.

Сега би сакал да ти образложам кои се моите политички вредности и гледања за тебе, моја мила еМакедонијо!


Јас iksimkd, ветувам дека ќе го почитувам твојот устав, наредбите од твојот претседател и министрите кои те водат. Со сите мои сили и со сите средства што ќе ми стојат на располагање ќе се трудам секогаш да се движиш во позитивно светло и да имаш демократија каква што заслужуваш. Ти ветувам дека ќе работам чесно и со сето срце само во твој интерес и во интерес на твоите еЖители, никогаш за мој личен. Ти ветувам дека и во време на тешки моменти ( војни и сл. ) ќе бидам секогаш тука и ќе ти стојам на располање за се што ти требам.

Те сакам со сето срце мила моја еМакедонијо!
Гордо држи се и движи се напред!
Со верба во Бог, Македонец до гроб!



Ви благодарам на сите што одвоивте време за да ја прочитате оваа кандидатура.
Ве молам на сите само да ставите Vote (не барам Subscribe ), за статијата да излезе меѓу првите и да можат сите да ја прочитаат и да дадат свое мислење и да одлучат дали заслужувам или не да бидам избран за конгресмен.

Секогаш искрено ваш,

iksimkd