Прашања до еПретседателот [Мин. за Информирање]

Day 1,188, 09:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Како што беше најавено уште во почетната програма на Струмјанин за ова Министерство, внимание ќе се посвети на комуникацијата со еГраѓаните. Важен дел во тоа врши и блискоста до Претседателот, односно тој да биде отворен за прашања од еМакедонците.

Па затоа ова Министерство го организира таа меѓусебна комуникација, со започнувањето на оваа акција каде што граѓаните можат да постават прашања до Претседателот.

Прашањата не треба да се поставувааат со Приватна Порака до Струмјанин или пак до Министерството за Информирање, туку ОВДЕ, каде што тие што прашуваат треба да пријават нивно ник од играта (обавезно, на прашањата од непостоечките никови не се одговара) и прашање, кое треба да биде поврзано со раководењето на еМакедонија, а не од типот, “ како се користат болници“, “каде да сменам пари за злато“...

Некој ќе праша зошто не со ПП? Тоа е затоа што во ПП има лимит до 30 пораки, па така доколку се пратат повеќе од 30 пораки, тогаш тие можат да се загубат и да не бидат одговорени.

Одговорите на прашањата ќе бидат објавени во овој весник за време од 1 до 2 дена.

Искрено ваш, STEFANPIPO

Со почит,тимот на Министерството за Информирање



Други Државни институции:

Народна Банка на Македонија
Министерство за Економија
Министерство за Образование
Министерство за Одбрана
Министерство за Здравство
Македонски црвен крст