Потрага по најоргиналното еРепублик фан видео [Мин. за Информирање]

Day 1,187, 02:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани Граѓани,

Тимот на eRepublik е во потрага по најоргиналното видео направено за играва од некој од играчите.”Ние би сакале да видиме како вие ја гледате eRepublik, па затоа ве молиме споделете ја вашата визија со нас постирајќи ги линковите од вашите видеа ТУКА. Најдоброто и најоргиналнот видео ќе биде вклучено во следната eRepublik кампања, а неговиот креатор ќе биде промовиран на целата eRepublik заедница."

Сега запомнете неколку правила кои треба да ги следите додека го правите видеото:

-Мора да биде на англиски или со превод на англиски
-Не смее да има насилство, вулгарност, секс или директни напади на индивидуалци или организации.
-Видеото мора да биде ваша оргинална креација – не се дозволени музика, видео или слики со авторски права и не смеат да се користат работи кои би можеле да прекршат права на некои трети лица.


Најдоброто видео ќе биде избрано од страна на тимот на еРепублик на 14 март 2011година и ќе биде објавено на форумот, на Фејсбук страната истиот ден. Во очекување сме на вашите видеа.