Нашите борби и победи на еРепублик!

Day 1,186, 11:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Filip01 Macedonian
Македонците и Македонките водат борба на еРепублик од самото создавање на играва!Живееле по еСрбија,еБугарија,еТурција,еРусија,еИндонезија и други еДржави.Во почеток со помал број од 100-200 играчи од Македонија,но тие играчи ја имаат најголемата заслуга за додавање и развој на еМакедонија.Првин водеа борба за додавање на еМакедонија ги викаа своите другари и пријатели,пропагираа,собираа играчи,помагаа на новодојдени со цел да се соберат што повеќе играчи на еРепублик кои се од Македонија а со самото тоа да се бара додавање на еМакедонија на еРепублик.





Тие во таа битка ПОБЕДИЈА и еМакедонија се додаде на еРепублик.Но и тоа донесе голем проблем бидејќи било одлучени Македонија да биде додадена како ПЈРМ!Благодарение на тогашните играчи,заедно со сојузниците се извршило притисок да се додаде пред ПЈРМ Република Македонија па така денес на еРепублик сме како Republic of Macedonia (FYROM).


Добро е и голем успех е кога се успеало да се изврши притисок да се додаде Република Македонија пред ПЈРМ,ОГРОМЕН УСПЕХ!Тоа воопшто не е мала работа ...
Со додавање на еМакедонија тогашните еМакедонци и еМакедонки започнаа со напорна работа,за зајакнување на еМакедонија по бројност и воена сила.Напорната работа даде резултати,така денес еМакедонија е најнапредна држава од додадените со неа!


По додавањето на еМакедонија,македонците успеаа да воспостават стабилна економија,го задржаа курсот,дојде до развој на војската.Потоа еМакедонија беше подготвена да пречека нови ебебиња.Со огромни напори и ангажираност се успеа еРепублик и еМакедонија да се промовираат неколку пати на СИТЕЛ телевизија,една од најгледаните телевизија во Република Македонија,потоа еМакедонија се рекламираше на фацебоок,разни форуми и сајтови.И на ова поле Македонците ПОБЕДИА!


Резултатот беше очигледен,огромен прилив на Македонци на еРепублик.Така еМакедонија стана 6 држава на еРепублик со најмногу жители или 13,953.
Новите бебиња бараа нега,храна,објаснувања,воведување во суштината на играва.И на тоа поле еМакедонија ПОБЕДИ со многу статии од старана на Министерството за Образование и другите министерства како и статии од новинарите на еМакедонија кои ги има во огромен број.


Македонците,жешток народ како и низ историјата така и тука бараа војна.Скоро секој ден по некој статија на таа тема.Војна се бараше војна се доби.Се започна со еБугарија,имавме не толку силен милитари ранк и играчи,водачи на еМакедонија кои сеуште немаа организирано такво нешто.Оваа војна беше со цел да се покаже НАШАТА огромна ангажираност да се помогне на еТурција.Се водеа битки за Софија и Видин и по неколку дена се добиа.Секакви статии од секој тип но темата беше една – ПОБЕДА НА еМакедонија врз еБугарија.Како што се очекуваше еБугарија ги ослободи овие региони,што беше и нормално 4 години постара држава од нашата, и тргна во контра офанзива.


Се боревме сите за еМакедонија,но за жал беше окупирана,но не за долго,еМакедонија собра сила и таа и сојузниците и тргнавме против Бугарија и успеавме да ја ослободиме еМакедонија со неколку Илинденски востаниаТака денес сите живееме во слободна и независна еМакедонија,еМакедонија која се развива,расте и јакнее.И тука еМакедонците и Македонките оствариа ПОБЕДА!


Според мене војната со Бугарија беше ОДЛИЧЕН потег за бејбу боом како и јакнење на милитари ранк на еМакедонија и зголемување на борците така денес милитари ранк изнесува 3,989,755!
Нашите најголеми сојузници од самото додавање на еМакедонија на еРепублик се Србија,Турција,Бразил,Индонезија,Словенија,Русија и други држави...во помала мера но сите тие се наши сојузници и помагаа на Македонија во најтешките Моменти!Респект за сите!
еМакедонија и како сојузник се докажа,РЕСПЕКТ за заслужените!И на тоа поле Македонците оствариа ПОБЕДА!
еМакедонија ја има најголемата политичка партија со членство а тоа е Обединета еМакедонија со 1169 члена!Наш претседател доаѓа од ОеМ и е Strumjanin.


Денес еМакедонија е стабилна земја и сојузник,има стабилна економија ( Со оглед на економскиот модел ) а исто така и солиден милитари ранк за наша старост.Се надеваме на нови победи и во иднина.

ПОБЕДИ не се само ВОЕНИ туку и овде НАВЕДЕНИ!!!



Како што можат да приметат новите играчи по коментари има големи расправии околу историја,непризнавања и сл.И јас кога дојдов истото беше,било и ќе биде.Мада оваа игра не е место за тоа,сите ние сме луѓе и разбирливо е тоа до некаде,но на се треба да има граница,а оние кои немаат граница секојдневно ги гледаме со коментари за Република Македонија,Македонците и Македонките.Само едно ќе кажам.


‘’ЈАС ЗНАМ КОЈ СУМ,НЕ ТРЕБА НИКОЈ ДА МИ ОБЈАСНУВА И ДА МЕ УБЕДУВА’’





И за крај да ги испочитувам Бугарските спамери за историја по еМакедонските весници како и Косаница со две композиции!


Клик на сликите!







За крај на здравје ...




Бугари ми смо за вас КОКА КОЛА!


Ваш Filip01 Macedonian !