***ЗА ПОЈАКА МАКЕДОНИЈА*** Моја кандидатура за конгрес!

Day 1,186, 09:50 Published in North Macedonia Serbia by Stefan1991 BAN

Добро утро Македонци кади и да сте!!!
Од 13.11.2009 кога ја започнав оваа еОдисеја, никогаш не бев кандидиран за конгресмен, знаев дека кога-тогаш и нашата земја ќе биде дел од еСветот и затоа сакав мојата прва кандидатура за конгрес да биде токму во еМакедонија.
Оваа игра ме научи на една работа, колку и да ни се чини дека оваа игра е поинаква од реалниот живот, јас сметам дека е огледало на нашиот живот. Сметам дека тој што е лош овде е лош и на друга страна на мониторот. Сакам во мојата прва еБиографија да започнам со мојот Реален Живот.

Се викам Стефан Аврамовски, роден и живеам во Белград(СРБ). Татко ми е Македонец и има големо влијание над мене, иако живеам во Србија, повеќе сум врзан за Македонија. Студент сум на Машинскиот Факултет во Белград(2 година) и имам 20 години. Го сакам животот , кафани, жени, но сакам и фудбал. Во слободно време(кога немам испитен рок) освен еРепублик, играм и Football Manager! Страсен навивач на најдобриот клуб во светот Црвена Звезда!!!
Толку за мене, еве малку поврзано со Ерепублик:
еРепублик играм од 13.11.2009, но бев баниран и од тука дојде денешниот мој ник "БАН". Се гордеам што сум член на Српската паравоена единица - Небески Ратници во која сум скоро една година. Во неа сум заменик на главниот командант и член во економскиот тим. еРепублик почнав да играм поради ова:
Може да се каже дека сум премногу активен на еРепублик. Од моментот кога е додадена еМакедонија, се трудам да и помогнам на мојата татковина преку помош на еБебињата и на сите останати кои од мене го бараат тоа, без разлика дали се барало совет, леб, карти сеедно. Помагав и во Министерството за Здравство на Македонија преку донации на леб. Инаку сум член на партијата ОеМ, затоа што таа е најголемата еПартија во Македонија и светот и затоа што сметам дека ја водат вистински луѓе. Овој пат би ве замолил да не отворате свои партии, туку да се зачлените во некоја постоечка ако сакате да го запознаете политички аспект во играва, затоа што само обединети ќе сме јаки. Нашата земја е нова во играва, сеуште не е јака и искусна како останатите, но ние го имаме она што другите го немаат - СЛОГА! Ако го изгубиме тоа ќе може да не прегази секој!
САМО СЛОЖНО ЗА ПОЈАКА МАКЕДОНИЈА!!!


Оваa мапа е цел на моето еПостоење, не се откажувам од играва додека не ја исполнам🙂
П.С. Луге, рачунајте на мене, еБебиња, јавите се, барајте, ке помогнам колко можам, ова правиф и пред кандидатура и така ке биде додека сум еЖив. ЗА ПОЈАКА МАКЕДОНИЈА!
П.С.С. Сакам само во ова прилика да посакам на мој небески брат Хикагениус срекен роденден! Се најубоо братче!!!!! Голем да пораснеш🙂