Нови фирми = Нови проблеми

Day 1,185, 16:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Risto Van Kenobi


Почитувани,

Предходно пишував за поновите играчи. Кога сме кај нив, сакам да кажам уште нешто. Освен што редовно се борат во битките, во последно време, на мода е да се купуваат компании. Јас сум против таквиот тренд уште од почетокот и сеуште си стојам на тоа. Повторно би ве замолил да не си го фрлате златото за нова компанија. Место тоа, инвестирајте во вас и во вашиот напредок како еГраѓанин (сила и работа). Така еМакедонија ќе има најголема корист од вас. Со отварање на уште нови фирми нема да постигнете никаков финансиски бенифит (личен или за еМакедонија). Доколку сте силно решени да станете сопственик на компанија, апелирам да купувате на старо! Објаснував дека масовното производство од новонастанатите фирми ќе произведе серија од верижни настани кои ќе доведат до ослабување на економијата а со тоа и на еМакедонија.

Не сум сопственик на компанија, но ако чатот и весниците (не сите), ги сметаме за релевантен извор на информации, тогаш излегува дека компаниите за оружје имаат проблем да остварат профит. Причината за тоа некои ја бараат во тоа што моментално не сме во војна. Евентуална војна секако дека ќе ја зголеми побарувачката за оружје, но не сум сигурен дека ќе има долготраен ефект.
Производителите на леб пак, осоколени од неодамнешната интервенција на админите (кога откупија голем дел од натрупаните залихи), успеваат некако да ја задржат цената... Се надевам дека ќе успеат да ја зачуваат цената на лебот, но во исто време се сомневам дека еМакедонија има побарувачка која одговара на понудата од леб.
Некои од нив гордо истакнуваат како сеа им е супер, и како си купуваат ефтини тенкови и не им е гајле за производителите на оружје. Бидејќи се среќни со работењето на компаниите за леб и профитот шо го остваруваат, нема да им забележувам повеќе, само ќе им напоменам дека и јас кренав 2-3 левели кога они го продаваа лебот по 0,6 МКД.
Ако некој мисли дека грешам, слободно нека ме исправи. Ги чекам вашите критики. Само да разјаснуме уште нешто. Економската ситуација е таква во моментот. Замислете каков ефект би имале дополнителни нови компании?

Искрено ваш, Ван Кеноби