СОВЕТ ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ!

Day 1,185, 09:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Risto Van Kenobi


Добровечер драги сограѓани. Статијата им ја посветувам на новите играчи. Прво сакам да ви се пофалам за новиот казнен поен шо го добив. За мене тоа е најголемиот комплимент кој можам да го добијам од комшиите од исток. Убаво е да знаеш дека, како прво, си читан од нив, и второ дека си ги погодил доволно да ти стават рапорт. Еве ја користам и оваа прилика да ги поздравам оти знам дека со нетрпение го чекаат секое ново издание на еБАЗИНГА.
Денеска повторно ги разгледав весниците и како по обично пак имаше статии кои ме воудошевија со својата уникатност. Децава волку да пишуваа на писмените по македонски ќе се давеа во петки. Сепак, не смееме да заборавиме дека некои од нив се малолетници кои сеуште во целост не го разбираат концептот на еРепублик. На пример, во една статија имаше предлог да ја напеднеме Бугарија, оти сеа имаме доволно лепчиња.

Убаво е што имаме вакви млади патриоти, само не се сложувам оти некој со 10 левел треба да размислува за борби. Сакам повторно да им порачам на сите „бебиња“ и останати помлади играчи, ДА НЕ СЕ БОРАТ. Знам дека сакате да партиципирате во борбите и дека тоа го правите со желба да помогнете, но во случајов правите токму спротивно.
Во стилот на вистински џедај, би ве замолил да имате ТРПЕНИЕ и да се воздржите од непотребно трошење на здравјето во борбите.

Ќе дојде време кога цела еМакедонија ќе зависи од вас и вашета подготвеност. Тогаш ќе имате повеќе сила и најмногу ќе помогнете на нашата еМакедонија!

За крај еден поздрав од мојот пријател Јода!