Економија и владините мерки

Day 1,184, 11:55 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

За жал решението на Владата за оваа криза е истата онаа што Петар Гошев ја употреби за време на светската рецесија 2009, со еден мал баг кој е превиден:

РЖ МКД има 1 печатница на пари
еМКД има 2 печатници на пари

Апсурдот е што иако Владата испумпува МКД од пазарот за да го одржи курсот на денарот на апсурдно високо ниво и притоа ги асоцира граѓаните на инвестирање од друга страна прави астрономски резерви на денари. Притоа онаа втората печатница која не е под контрола на Владата редовно пумпа МКД во економијата преку откуп на производи од пазарот.
Некои играчи мислат дека се паметни што ги продале своите производи по повисоки цени, но не разбираат еден мал детал, кога меурот ќе пукне за неколку дена толку силно ќе не тресне што и војната со Бугарија ќе ни се чини како бајка.

Јас пред неколку дена предложив да се зголеми курсот на златото за да се потикне потрошувачка политика, истовремено тоа значи намалување на откупот на админите од пазарот т.е. делумно стабилизирање на кризата.

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1676207/1/20

Мислеа (и мислат) дека незнам што зборам што доведе до оваа статија

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1679517/1/20

Моментално златото поскапе 15% за еден ден што значи дека меурот почнува да пука.

Новите прогнози се дека потребна ни е инфлација на денарот на некаде околу 110-120МКД за една паричка за да ги минимизираме долгорочните ефекти од ситуацијата.
Теоретски денарот може да дојде на вредност над 200 денари за паричка доколку втората печатница продолжи да уфрла денари во економијата.

Досега од нашиот учен министер видовме само краткорочни ангажмани:
- собирање злато преку донации (минимален ефект)
- политика на штедење (задоцнет ефект од 3 дена со можност од посериозна криза доколку се продолжи периодот)
- Моментално во касата имаме 250.000МКД ако на нив се пресмета инфлација од 15% мислам дека некој таму не знае што прави т.е. за кого прави.


Апел до граѓаните да не ги качуваат цените а производите за да ви ги откупи Плато, така само ја продлабочувате кризата за сите.
Министре, преиспитај ја твојата политика додека има време.
Претседателе, побарајте надворешна помош.

со почит,
SaveAss

п.с. Каде е Петар Гошев кога ни треба 🙂